Богата мајка ја однела својата ќерка да види како живеат сиромашните луѓе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден ден, многу богата, добро ситуирана мајка ја однела својата ќерка на село со единствена цел, да ѝ покаже како живеат сиромашните луѓе.
Тие поминале неколку ноќи и денови на фарма која им припаѓала на луѓе со мали месечни примања – односно семејство што живее едноставен живот.

Деновите таму биле исполнети со интересни активности како полнење вода за пиење од бунар, долги прошетки и уживање во природата, пливање во потокот, средување на градината, задолженија околу фармата, животните и секако многу смеа, забава и љубов.

Откако се вратиле во големиот град и луксузниот стан во високиот облакодер, мајката ја прашала ќерката што мисли за времето поминато на фармата.

„Прекрасно беше мамо“ – одговорила ќерката.

„Интересен ли ти беше начинот на живот таму?“ – прашала мајката.

„Да“ – одговорила ќерката.

„Што научи од времето поминато на фармата?“ – прашала мајката.

Ќерката одговорила: „Забележав дека ние имаме една мачка и едно куче, а тие имаат четири кучиња и три мачки. Ние имаме мермерен базен кој се протега до нашата градина во летната куќа, а тие имаат голем поток кој се извива низ шумата. Ние имаме модерни соларни светилки во нашата градина, а тие имаат шест милиони ѕвезди на небото. Од нашиот балкон се гледа валканиот град, додека тие гледаат кон прекрасните шуми.

Ние немаме плодни поседи и никогаш не ја допираме земјата, освен во текот на летото кога одиме во викендичката, а тие садат растенија и се во контакт со земјата скоро секој ден.

Ние купуваме храна од супермаркет, а тие самите си ја произведуваат својата храна. Ние имаме компјутерски кодови и лозинки да нѐ заштитат од злото; тие ги имаат животните, семејството и соседите.“

Мајката oстанала по малку изненадена.

Тогаш нејзината ќерка додала: „Ми стана јасно колку сме ние сиромашни и колку посреќни можеме да бидеме.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This