March 29, 2024, 12:16 am

БОГАЦ „СЕ ПОГРИЖИЛ“ ДЕЦАТА ДА ВИДАТ МОРE АМА СЕ „ПОГРИЖИЛ“ И ЗА НЕЧИЈ ЏЕБ?: Општина Карпош платила 2162 денари по лице повеќе од редовната за сместување на децата во кампот „Александра“, кој се офајдил?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на општина Капош, Стефан Богоев утрово се пофали дека 103 ученици ги испратил на летување во Грција во кампот „Александара“.

8 првенци на генерација, 38 деца во социјален pизик и 57 спортисти или вкупно 103 ученици утрово заминаа на летен одмор, а Богоев се одлучил да ги прати за Грција, затоа што не виделе море, како што вели тој самиот во изјава за СДК.мк

„До лани децата со социјален ризик од територијата на Општина Карпош одеа на одмор во Охрид или Струга, а спортистите во камп во Грција. Јас оваа година решив да нема поделби, односно и овие деца да можат да имаат одмор на море. Тие досега ниту еднаш не биле на море, дел од нив немаа ниту пасоши, па сега пред патувањето ги извадија. Пресреќни се што ќе можат како и другите деца на летуваат на море. Во кампот имаат активности во текот на целиот ден. За оваа намена се издвоени 1,8 милиони денари што не е повеќе од минатите години кога се издвојувале од 1,5 до 2,2 милиони денари“, вели Богоев.

И сето тоа е во ред, и намерата и иницијативата, се додека не се навлезе во бројките за да се увиди дека некој освен што „се грижи“ за дечињата чии родители не се во можност да им овозможат летување на своите најмили, „се грижи“ и за нечиј џеб.

Индивидуален аранжман во кампот „Александра“ чини 249 евра по лице, редовна цена.

Ако се земе во предвид сумата која општина Карпош и Стефан Богоев ја исплатиле за патувањето 1.800.000 денари и истата се подели со бројот на дечиња кои заминале на летување 103, се добива 17.475 денари по лице.

Цената на аранжманот по лице на официјалниот ценовник за кампот „Александра“ е 249 евра по лице или 15.313 денари.

Со оглед на обемот на резервацијата за 103 лица, Општина Карпош и Богоев речиси сигурно обезбедиле поповолна цена од регуларната или значителен попуст, а според горенаведената пресметка некој уште во старт ја зголемил цената за 2162 денари по лице.

2162 денари помножено со бројот на лица (103) се добива разлика од 222.686 денари.

Ова значи дека Стефан Богоев освен што се „погрижил“ за децата да видат море, се „погрижил“ и некој „пријател“ да се офајди преку аранжманот за летување на дечињата од општина Карпош?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This