БОГДАН ИЛИЕВСКИ: Сонцето кое некои сакаат да го снема од нашето знаме, ќе продолжи да свети подеднакво за сите и од тоа не отстапуваме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со нас има многу родители со своите деца. Родители кои се загрижени за тоа каква држава ќе им остават на децата. Родители кои се цврсто одлучни загриженоста да ја претворат во храброст, а стравот од неизвесната иднина во силна одлучност за учество во креирањето на таа иднина. Вие сте примерот кој треба да се следи, вие сте иднината на Република Македонија, на заедничка Македонија, истакна Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

bogdan-ilievski1-640x319

-Денес е 25 ден откако граѓаните одлучија дека ќе се борат за заедничка Македонија, за земјата што ја сакаат и во која живеат, исто како што живееле нашите предци, а ќе живеат и нашите поколенија, ќе живеат како горди граѓани на Македонија. Горди бидејќи се широки во срцето и со огромна почит за сите свои сограѓани. Сонцето кое некои сакаат да го снема од нашето знаме, ќе продолжи да свети подеднакво за сите и од тоа не отстапуваме, не го даваме нашето знаме. Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно, достоинствено, а не во поделена земја, вели Илиевски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This