БОГОВ НЕ Е ПРИФАТЛИВ ПРЕДЛОГ ЗА ДУИ: Бујар Османи изјави дека ДУИ нема да го прифати предлогот на Иванов за продолжување на мандатот на Богов за гувернер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема да го прифатиме Богов за гувернер – изјави вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи во емисијата 24 анализа.

Во случајот имавме најдобро професионално решение за таа позиција со домашно и меѓународно признание и сметавме дека Фатмир Бесими е најдоброто решение за успех за таа институција. Ние нема да го поддржиме едностраниот предлог на Иванов остануваме на мислењето дека Бесими е најдоброто решение и ќе се обидмеме да ги убедиме партиите дека тоа е најдоброто решение.

Предлогот на Иванов ја искомпликува коодринацијата, требаше да се почне од базична координација од СДСМ, и но наметнувањето на едно партиски решение од Иванов ја отежна комуникацијата. Сега ќе треба паралелно од иницијативата на Иванов да има паралелени координации. Но, ДУИ нема дефинитивно да го поддржи предлогот на Иванов. Иванов продолжува да биде деструктивниот фактор во државата и да создава ситуација Македонија да остане без гувернер. И СДСМ е во незгодна позиција. И за нив е ова наметнат предлог за кој треба да се произнесе партијата – изјави Османи во 24 анализа.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This