April 25, 2024, 12:18 pm

БОГОЕВ И ШИЛЕГОВ СЕ ЗБУНЕТИ ЛУЃЕ: Шилегов и Стефан Богоев промовираа „проект“ за изградба на парк во заштитено подрачје во Карпош со питка вода!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петре Шилегов, кандидадот на СДСМ за градоначалник на Град Скопје предвидува парк со рекреативни содржини на бунарското заштитено подрачје Нерези.

На социјалната мрежа Facebook се појави промотивно видео од проектот кој Петре Шилегов, заедно со Стефан Богоев, планираат да го спроведуваат во општина Карпош доколку ја добијат довербата на граѓаните на Град Скопје и Карпош на претстојните локални избори на 15 октомври. Се работи за предвиден парк со рекреативни содржини за граѓаните на Карпош, меѓутоа она што Шилегов не го знае е дека тој проект со сигурност ќе го наруши здравиот живот на граѓаните. Предвидениот парк на Шилегов се наоѓа на бунарското заштитено подрачје Нерези од кое Скопјани пијат вода во летниот период.

Бунарско заштитено подрачје Нерези обележано со црвена боја

Да предвидиш било каква градба на ова подрачје е врвно непознавање  на основните работи на функционирањето на градот, особено за Шилегов кој е претендент да биде татко на Град Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This