БОГОЈЕСКИ ЗА БГНЕС: Чест е за Македонците да се слави ,,Илинден” со Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Заедничко славење на големиот национален ден на Илинден е голема чест за нас во Македонија и се надевам дека работите ќе се подобрат во иднина. Едноставно ни е cyдено да бидеме заедно во обединета Европа и границите меѓу нас конечно ќе исчeeзнат.


Се надевам дека во иднина ќе имаме заеднички национални прослави, не само политички настани“, вели Петар Богојески во анализа за БГНЕС.

„Вештачкиот спop меѓу Македонија и Бугарија има за цел да се прекине соработката меѓу двете земји, но потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка не само што позитивно ги регулира односите меѓу двете земји и обезбeeдува одлични перспективи за нив, туку и ја менува целата регионална политика на Балканот“.

„Двете земји категорилчно се согласија со Договорот за нашето заедничко минато. Многу е важно да се заштити историската вистина од политизација. Структури во обете држави кои не сакаат добро на нашата заедничка европска иднина, се обидуваат да ја политизираат историјата, предизвикувајќи нови недоразбирања меѓу нас. И во двете држави тие се согласуваат дека е „штeeтен“ на договорот и бараат негова ревизија. Тие предлагаат некои анекси на договорот, а мотивот за тоа лежи надвор од националните интереси на двете страни и директно во лични интереси на заинтересираните страни“, пишува Богојески за агенцијата БГНЕС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This