April 24, 2024, 11:30 pm

БОГ СЕ ЈАВИ-НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ:Осветените води носат благодат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија масовно слави Водици
Според теолозите, на тој ден синот божји бил крстен во реката Јордан, а од тогаш крштевањето се слави како духовно раѓање и почеток на човековото живеење на верата. Крстот е симбол на христијанството, а света должност е тој да се сака и да се чува

„Бог се јави – вистина се јави“, е поздравот со кој верниците на 19 јануари секоја година го честитаат празникот Богојавление-Водици. Се прославува во сите земји што имаат православно христијанско население. Тој настан веќе два милениума е причина зошто христијанските народи, меѓу кои и православните Македонци во татковината и во светот на најсвечен начин го одбележуваат празникот Богојавление.
Според теолозите, на тој ден синот божји бил крстен во реката Јордан, а од тогаш крштевањето се слави како духовно раѓање и почеток на човековото живеење на верата. Крстот е симбол на христијанството, а света должност е тој да се сака и да се чува. Затоа и за секој православен верник е чест да се извади крстот од водите на реките или езерата во земјава, особено кога тоа се прави во голема конкуренција на капачи.

Церемонијата во Скопје ќе почне со Богојавленската литургија во 9 часот во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“. Оттаму г.г. Стефан, поглаварот на Македонската православна црква-ОА со свештениците се упати на мостот кај хотелот „Холидеј ин“, каде што во водите на Вардар ќе го спушти крстот и ќе ги поздрави верниците со зборовите „Бог се јави“, на што тие ќе му возвратат со „Навистина се јави“.

Почнува животот во верата

Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот означува соединување на човекот со Христа. Се смета за еден од најголемите христијански празници, со кој му се дава значење на крштевањето како една од светите тајни на христијанството.

Според теолозите, крштевањето значи и духовно раѓање, односно со самиот чин на крштевање почнува живеењето на човекот во верата.
– Со овој празник завршуваат дванаесетте некрстени дена, како и циклусот зимски празнувања, во кои спаѓаат прославувањата на Бадник, Божиќ, Нова година и на Василица – објаснуваат теолозите.

Традицијата на спуштањето на крстот во водите датира уште од времето кога патријархот ги осветувал водите на Босфор во Константинопол, денешен Истанбул. Тој го спуштал крстот со јаже или со конец, за да ги освети водите, а потоа си го повлекувал назад. Верниците му предложиле наместо да го враќа назад крстот со јажето, тие да му го даваат од водата и на тој начин да испросат благослов.

Ден за осветување на водите

Теологот Ратомир Грозданоски на својата веб-страница го објаснува значењето на празникот, како и зошто тој се нарекува Водици.
– Тогаш се осветуваат сите води. На овој ден Христос влегол во водите на реката Јордан и ги осветил сите води. Црквата на овој ден ги осветува водите, а верниците земаат осветена вода за своите домови и со неа се поросуват, се мијат и пијат. Во тие денови и свештеникот ги посетува домовите со светена вода -истакна теологот Грозданоски.

Вели дека во Македонија, секаде се празнува многу свечено и со големи манифестации крај водите на реките и езерата.
– Тоа е најизразено во Охрид – на Охридско Езеро и во Скопје – на реката Вардар. Многуилјаден народ доаѓа на празникот, а младите скокаат во водите за да го земат светиот крст. Откако водата ќе биде осветена, граѓаните масовно полнат од осветените води. Се верува дека на тој ден водата е благословена и лековита и носи здравје, среќа и бериќет – додава Грозданоски.

По Богојавление почнуваат чудата на Христос
На Богојавление, со крштевањето објаснува Грозданоски дека почнала Христовата евангелска, благовесничка дејност.
– Кога се крстил Христос имал 30 години. Од тој момент ја почнал својата евангелска, спасителска дејност. Најпрво, избрал 12 свои ученици и ги нарекол апостоли. Зошто ги нарекол апостоли? Затоа што апостол значи пратеник, а тие биле божји пратеници, нив Христос ги испраќал меѓу луѓето да проповедаат. За таа дејност тој ги подготвил, почнувајќи од Богојавление. По неговото крштевање на Водици, Христос почнал со својата спасителска дејност. Од тој ден, пред апостолите и пред народот, постојано и насекаде поучувал, и со зборови и со дела. А онаму каде што требало, правел и чуда, исцелувал болни и им помагал на луѓето. Го проповедал Евангелието на сите и насекаде. Сè правел од љубов кон човекот. Особено ги сакал децата, болните и сиромашните. Децата имаат посебно место во неговото срце. Ги повикувал кај себе и ги држел во прегратка. На возрасните им велел дека треба да бидат добри како деца – истакна теологот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This