Бог те сака

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бог те сака и има план за тебе! Библијата вели: “Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот Единороден Син, [Исус Христос], за секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот” (Јован 3:16). Исус рече: “Јас дојдов да имаат живот и да го имаат изобилно” – целосен живот полн со цел (Јован 10:10).

Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.
Јован 3:16

Но има еден проблем!
Еве го проблемот: човекот е грешен и одделен од Бога.
Библијата вели: “Сите згрешија и им недостасува Божјата слава” (Римјаните 3:23). Резултатот на гревот е смрт, духовна одвоеност од Бога. (Римјаните 6:23).

Добрата вест? Бог го испрати Својот Син да умре за твоите гревови!
”Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.” (Римјаните 5: 8). Но, тоа не заврши со Неговата смрт на крстот. Тој воскресна и живее! “Христос умре за нашите гревови. … беше погребан. … Тој беше подигнат на третиот ден”(1 Коринтјаните 15: 3-4). Исус е единствениот пат до Бог. Исус рече: “Јас сум патот, и вистината, и животот; никој не доаѓа кај Таткото, освен преку Мене “(Јован 14: 6).

Дали сакаш да го добиеш Божјото опростување?
Ние не можеме со никаков труд да го добиеме спасението. Тоа се добива само преку Божјата милост и тоа кога ќе ја ставиме нашата вера во Неговиот Син, Исус Христос. Се што треба е да признаеш дека си грешник, да поверуваш дека Исус Христос умрел за твоите гревови и да го побараш Неговото простување. Потоа да се оттргнеш од своите гревови – тоа се нарекува покајание. Исус Христос те познава и те сака. Она што му е важно е ставот на твоето срце, твојата искреност. Ти препорачувам да си го отвориш срцето и да се молиш на молитвата подолу за да го прифатиш Исус за твој Спасител.
3ашто, ако со устата исповедаш дека Исус е Господ и во срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш.
Римјаните 10:9

Моли се сега.
“Драг Боже, јас знам дека сум грешник и те молам да ми простиш. Верувам дека Исус Христос е Твојот Син. Верувам дека Тој умре за мојот грев и дека Ти Го воскресна. Исусе од овој ден па натаму ти биди мој Спасител и мој Господ. Води го мојот живот и помогни ми да ја вршам Твојата волја. Го молам ова во името на Исус. Амин “.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This