БОЖИДАР ДИМИТРОВ ЌЕ НИ ГИ МЕНУВА УЧЕБНИЦИТЕ ПО ИСТОРИЈА: На покана на Заев, бугарскиот националист и негатор на македонскиот идентитет ќе ги менува учебниците по историја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од најголемите антимакедонисти од Бугарија, Божидар Димитров престојува во Скопје веќе неколку недели и активно работи на истражување на македонските учебници по историја и друга стручна литература по историја која е во издание на државата.

 

Според очевидци, Димитров се вози со Ауди А8 со македонски таблички кое е доделено од владата на Република Македонија, а на барање на бугарската влада која го праќа Димитров да ги пронајде сите спорни моменти за Бугарија во македонските историски учебници кои потоа ќе станат предмет на промена, согласно она што го прифати Зоран Заев заедно со Никола Димитров.


Заев при посетата во Софија лажеше дека постоел консензус во Македонија за промена на историските учебници. Бугарските министри и евро-пратеници во многу прилики кажаа дека сега откако Заев и Владата на СДСМ се сложија на ваков договор, се воспостави механизам да се променува историјата на македонскиот народ, а тоа ќе започне со промената на учебниците.

Благодарение на договореното на Заев со Бугарија, македонските идни генерации ќе учат дека Гоце Делчев бил Бугарин, како и дека Илинденското востание било најголемо бугарско востание за време на турското ропство.

 

Европратеникот Ангел Џамбаски кажа и дека со потпиишувањето на договорот на кој се сложија Заев и СДСМ, се отвора можноста за промена на македонските учебници по историја. Во спротивно, доколку Македонија не се сложува со барањата од Бугарија, сега, после потпишувањето на договорот, ќе се соочи со блокади и вето од Бугарија на патот кон ЕУ и НАТО.

 

Екатерина Захариева, вицепремиерката и Министерка за надворешни работи на Бугарија нагласи дека во договорот не се земени предвид барањата на ВМРО-ДПМНЕ, туку дека тие преговарале само со Владата на Заев која се сложила во договорот да го нема Македонскиот народ:


Директорот на бугарскиот историски музеј Божидар Димитров вели дека со исполнувањето на договорот ќе дојде крај на Македонизмот, и е многу задоволен затоа што Заев се сложил на тоа. Воедно, Димитров е воодушевен од Заев затоа што мислел дека нема да доживее еден македонски политичар да каже дека Македонците и Бугарите се еден ист народ.

Според непотврдени информации, Димитров е во Скопје повеќе од еден месец и активно работи на спроведување на потпишаното во договорот и на неговата реализација со која Заев ќе стави крај на македонизмот. Димитров е автор на многу книги против Македонија, како на пример „Десетте лаги на македонизмот“.

 

20 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This