Божиновски: Најголемата одговорност за случајот со Катица Јанева ја има токму извршната власт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Најголемата одговорност за случајот со Катица Јанева ја има токму извршната власт. Ние не можеме кога оваа иста власт беше опозиција и директно да посочува кон тогашната власт дека се виновни за се, и дека Македонија е на 66-то место на листата за корупција во 2015-тата година, а сега кога сме на поразителното 111 место секој друг да биде крив освен извршната власт. Значи најголема одговорност за сите овие процеси има токму извршната власт“, појасни Владимир Божиновски гостувајќи во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Божиновски додаде дека јасно е дека имаше доста недоречености во процесите во кои беше замешана власта. Врската помеѓу Јанева и власта беше доста видлива.
„Јавноста ги прати сите тие работи, јавноста очекува да има одредени ефекти од владеењето на некоја гарнитура. Кај оваа власт се е „ЌЕ“. Се е кај оваа власт нешто во идно време. Едноставно сега што се прави, прво се префрлаше одговорноста, потоа се правдаа со непостапувањата би рекол во сите сегменти со тоа што немале доволно време, за сега едноставно безочно да се лаже“, рече Божиновски.
Божиновски посочи дека сега според власта виновни се граѓаните, а не власта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This