Божиќна покана: Сите се фатија да китат елка, само Лозано и Димитар Андоновски се фатија директно за бадниково гранче?! (ФОТО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три недели пред Нова година е вообичаен период кога се китат новогодишните елки, се украсуваат домот, градот, дуќаните, фирмите… И речиси сите во овој период се фаќаат за лампионите, украсите и сијаличките, само тие двајца, македонските поп ѕвезди Влатко Лозановски и Димитар Андоновски се фатија директно за бадниковото гранче. Ја прескокаат ли тоа пејачите Нова година и директно Ве канат на Божиќ?

Она првото – никако, а она второто – секако! Нова година ја сакаат, почитуваат и слават обајцата. Па, Лозано впрочем и ја пее песната во новогодишната реклама на македонски, на најпродаваниот безалкохолен пијалак на светот, се сеќавате нели?

Но, за нив Божиќ е нешто друго. нешто посебно, многу подлабоко, исконско, нешто свето… Минатаа година беше возобновена манифестација „Бадникови поворки“, која на 6 јануари се случуваше низ улиците на сите градови во Македонија како возобновена православна традиција која свечено, величествено и достоинствено го најавува Христовото раѓање. Дури по тој повод беше снимена и песната „Вечниот Бог“, која ја изведуваа македонските музички ѕвезди меѓу кои беа и Лозано и Димитар, како и Елена Ристевска, Викторија Лоба, Тамара, Даниел Кајмакоски, Некст Тајм, заедно со Златните славејчиња.

И би… Бадниковите поворки на 6-ти јануари продефилираа низ улиците на сите градови во Македонија, а централната манифестација во се одржа во Скопје. На нив учество ќе земаа околу 7000 дечиња кои всушност ќе ја сочинуваа најголемата коледарска дружина во Македонија, но и во православниот свет воопшто.

По обвинувањата за верско делување по училиштата, Државниот просветен инспекторат изврши истражување и анализа и утврди дека такво нешто немало, а манифестацијата продолжува да живее.

Годинава, односно за Божиќ 2019 год. првата божиќна покана доаѓа токму од домот на Влатко Лозаноски. На социјалните мрежи осамнаа фотографии од него и неговиот колега Димитар Андоновски со реплика од божиќната пештера со чинот на Хрисовото раѓање и следниов постиран текст:

„На точно месец дена до најблескавиот период од годината, кога ќе славиме Бадник и Божик, Ви ја подготвивме ПРВАТА БОЖИКНА ПОКАНА. 💌
Зошто ПРВАТА БОЖИКНА ПОКАНА доаѓа од домот на Влатко Лозаноски, ќе дознаете утре во утринските програми на националните телевизии, а нешто подоцна во текот на денот и овде, на нашата фејсбук страница којашто од денеска, одново станува расадник на радосни вести, каков што е и впрочем празникот што не’ обединува сите! 💗
P.S Засега, ќе го задоволиме Вашето љубопитство со неколку фотографии од снимањето“.

Очигледно „Вечниот бог“ и останатите бадникови песни, коледарските дружини во „бадниковите поворки“ ќе ги пејат и овој Бадник… Свечено и величествено, за радосно и достоинствено најавување на Христовото раѓање. Затоа и македонските музички ѕвезди Лозано и Димитар блескаат први… Со првата божиќна покана!
Извор:вистина.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This