БОЖЈА УБАВИНА:Најубавите близначки на светот имаат 9. години и повеќе од 1,1 милион фанови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како изгледа секојдневниот живот на сестрите кои се прогласени за најубави близначки на светот?
Кога Жаки Клементс на седмиот роденден на своите ќерки Ава Марија и Леа Роуз отворил профил на Инстаграм за нив, многу бргу станал планетарно популарен.

„За околу шест месеци веќе имаа повеќе од 150. илјади следбеници. Во тоа време Daily Mail објави статија за нив“, се потсетил Жаки за BuzzFeed News. Нивниот профил денес го следат повеќе од 1,1 милион луѓе, од кои многумина мислат дека станува збор за најубавите близначки на светот.

„Минатата година беше навистина забавна и возбудлива за нив. Стануваше збор за приватно шопинг искуство, скапи подароци од брендови од сите страни на светот, фотографирање со фановите, на девојчињата засега им е неверојатно. Секако, најважни им се пријателите со кои се здобиле во текот на патувањето“, вели Жаки.

Жаки се грижи близначките да одат на училиште. „Работите за Инстаграм им ги букирам преку викенд или веднаш после школо за да не пропуштат од наставата. Ако добијат работа преку агенција на сетот со нив е и учител или учителка кои им помогнуваат со школските обврски“, вели таткото.

Во деновите кога работат девојчињата стануваат рано, ги вози во Лос Ангелес (каде се повеќето нивни обврски).
„Кога не работат нормално доат на училиште, на пливање или си играат со пријателите во соседството“, објаснил Жаки.

Во почетокот Жаки девојчињата ги фотографирал со камера од мобилниот телефон, но нивните објави на Инстаграм сега се главно работа на професионални фотографи. Жаки исто така одлучува кои фотографии ќе бидат објавени на нивниот профил.

Засега девојчињата немаат пристап на профилот, па и не комуницираат со нивните следбеници.
„Понекогаш им дозволувам да смислат прашање кое ќе им го поставам на следбениците и подоцна им давам да ги видат нивните одговори“, вели тој.

https://www.instagram.com/p/BuZEX3DBwlb/?utm_source=ig_web_copy_link

Жаки има и совет за оние кои сакаат што повеќе следбеници на Инстаграм. Вели дека треба да се објавува нешто барем еднаш дневно, да се користат многу хаштагови – и да се има одлични фотографии.

https://www.instagram.com/p/BsjGbgCBQyf/?utm_source=ig_web_copy_link

Неодамна покренал и Јутјуб канал за девојчињата за да луѓето подобро ги запознаат нивните карактери.
„Засега немаме снимено многу видеа, но планираме повеќе да се посветиме на каналот и да објавуваме снимки поредовно бидејќи девојчињата постојано ми бараат да ги снимам“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This