April 18, 2024, 10:54 am

БОЖЈИ ПЕЧАТ : Што е запишано во Библијата за идните настани во светот и во Македонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Библијата е божјо слово. Тоа е вдахнато четиво од си лата на Светиот Дух. Во него се запишани сите настани што биле, се и ќе се случат во иднината. Како божествено дело со печат од Бога и неговиот дух, тоа нема само едно литерарно значење.

Но само оние кои се обдарени од Бога умеат да го читат неговото слово правилно.

Што вели Библијата за Македонија? За судбината и кpајот на светот? За денешново наше време?

Захарија, таткото на Свети Јован Крстител, оној кој ќе го крсти Богочовекот во реката Јордан, кој го најави новото небо и новата земја, имал пророчки дар. Тој живеел во време кога грчката окупација била многу силна, и кога пророците кои го најавувале новото царство биле маченички погубувани.

И би видение до мене: „Ги подигнав очите свои и гледам: а таму, ете, четири коли со ко­њи излегуваат од еден дол меѓу две планини, а тие планини беа од бакар. Кај првата кола коњите беа црве­никави, кај втората – црни, кај третата кола коњите беа бели, а кај четвртата кола – шарени со сиви дамки.

Проговорив и му реков на ангелот, што зборуваше со мене: „А што значи ова, господине мој?“ Ангелот одговори и ми рече: „Тоа се четирите небесни духови, кои излегуваат откако се претставија пред Госпо­дарот над целата земја..Црните коњи излегуваа кон северната земја, а белите одеа кон западната земја, додека шарените коњи одеа кон јужната земја.“

Се разбира земјите се метафора на човековите желби да се завладее со светот и да се симне Оној на кого му припаѓа целата власт-Господ Исус Христос.

Црните коњи се незнаењето и празноверието. Северната земја е западната цивилизација. Западната цивилизација која е втемелена на христијанските вредности го губи нејзиниот основен фундамент-Христос. Сè повеќе се оддалечува од духовното и запаѓа во безбожност. Ги губи своите корени. Го губи Христос како нејзин основен фундамент. Можеме да ги препознаеме ваквите односи во религискиот свет на денешницата.

Црните коњи кои тргнале кон северната земја, се коњите на најголемата болест на денешницата-суетата и алчната моќ за власт. „А по нив отидоа и белите коњи, тие одеа кон западната земја, додека шарените коњи одеа кон јужната земја.“ Белите коњи ја симболизираат белата ароганција. Заедно со црните, незнабоштвото и лицемерието тргнаа да јаваат кон сегашните јужни простори, меѓу кои и Македонија.

Шарените коњи (или коњите со дамки) се секуларните политички идеологии, конгломерат мешавина од христијанство и ислам. Тие тргнаа кон јужната земја (денес во источните земји Ирак, Сирија и Авганистан). А се споменуваат и пеплосани (сиви) коњи кои ќе владеат со земјата по Третата светска војна пред повторното доаѓање на Месија.

Потоа, Бог му рекол на пророкот Захарија „Кажи му на сиот народ и на свештениците вака: ‚кога постевте и плачевте во петтиот и седмиот месец, и тоа цели седумдесет години, за Мене ли постевте, зар за Мене? И кога јадевте и пиевте, зар не јадевте за себе и зар не пиевте за себе?“

Црквата денес недвосмислено ги следи зборовите на таткото на најголемиот пророк Светиот Јован Крстител. Свештениците ги осудуваат своите браќа христијани. Ретки се божествени луѓе кои ја зборуваат вистината, а и тие се убиваат или јавно жигосуваат. Во литургиите сè помалку се слуша срцето на божјото слово, а сè повеќе словото на политиката која ја бара својата лична слава.

Кога земните владетели денес би имале сал малку вера, барем колку едно синапово зрно, колку ли само светски проблеми би биле надминати? Славата не е Нивна, но на Бога.

Слично е со четирите јавачи на апокалипсата кои на многу жив и сликовит начин се опишани во Библијата. Четири коњи галопираат со молскавична брзина. Првиот коњ е бел, а го јава еден величествен, новоустоличен цар. Коњот што доаѓа по него е со црвена боја, а неговиот јавач го одзема мирот од Земјата. Третиот коњ е потполно црн, а оној што го јава држи терезија и објавува лоша вест дека ќе има недостиг на храна. Последниот коњ е со многу бледа боја и навестува болести и други смртни опасности, а го јава самата Смрт. Веднаш по него оди адот и ги покосува животите на безброј луѓе! (Откровение 6:1-8).

Библијата ни дава наоди за тоа што ќе се случи, но самите одбираме кој пат ќе го следиме. Детален опис ни дава за големи војни, страдања и катастрофи. Една војна ја опишува како судбинска за планетата. Вели дека тогаш две третини од светот ќе бидат уништени, а една третина ќе биде искушана со оган, како што со оган златото се подготвува. Божјиот меч нема да ги поштеди ниту оние кои се кријат во пештерите. Тоа е битката Гог и Магог, битката помеѓу Јаков (Истокот) и неговиот брат Исав (Западот).

Јаков после борбата со брат му Исав го добил името Израил. Се издигнал над својата судбина и покрај предизвиците и искушенијата. Израил сме сите ние кои сме духовно обновени. Јаков победил, но изгубил дел од себе во својата борба, го повредил колкот. Но тој не е веќе стариот Јаков, туку нов. Сите војни се губителни за обете страни. Секогаш губиме дел од себе кога славата и венецот на Исус го ставаме на нашата глава.

Најголем предизвик на еден народ и на секој еден човек е да се сети на неговото вистинско име запишано на небото. Запишано е: Бог најпрво се погрижи да ги избере народите кои ќе го прослават неговото име. Еден таков народ избран да го слави името на Бога бил и македонскиот. Но, кога дојдовме во Македонија, пишува апостол Павле во посланието до Коринќаните, нашето тело немаше мир; туку отсекаде бевме во неволја; однадвор борби, внатре страв.

Нема поголема меѓусебна нетрпеливост и раздор во друга земја од овде. Секојдневно ги распнуваме нашите лидери, како што Исус го распнаа неговите. Фарисеите и писмознанците. Нема мир во нас додека не се помириме со нашиот Отец.

Веднаш допре глас до апостол Павле: Дојди во Македонија и помогни ни! Помогни ни од фарисеите и писмознанците, помогни ни од сејачите на страв и омраза. Апостол Павле дојде и проповедаше христијанство на овие простори. Проповедаше слово на љубов дека страдање нема да има сè додека не го примиме Исус со вера во срцата.

Повикот и денес трае. Дојди во Македонија и помогни ни. Апостол Павле тргнал според видението на еден Македонец.

Дали ќе одбереме да го слушаме?

Пишува: Огнен Коцевски за Религија.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This