March 29, 2024, 12:47 pm

БОКИ ЈА „УHИШTИ“ РУСКОВСКА: Колку сум седел со Катица толку сум седел со Русковска, ми пренесуваше дeтaли од истpaги кои ги води

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Онолку колку што седел со Катица Јанева исто толку седел со Вилма Русковска по ресторани ширум државата истакна Боки 13 во воведниот говор на првото рочиште за случајот Рекет. Русковска обидувајќи се да покаже транспарентност исто како Катица Јанева му пренесувала детали за истраги кои ги води.

-Единствената злоупотреба тука е што тоа беше јавно што синот на второобвинетата беше вработен и така е направена таа конструкција на овој предмет. Моќта, заканите и демонстрацијата на тие две работи се и дел од ова што ви реков од злоупотребата на мерка притвор. Нееднаквоста со останатите обвинети да можам да имам нега во домашни услови иако специјалист тоа го препиша. Но тоа не сега како што самите велите. Околу етикетирањето кое што го добив денеска тоа се случи и на, мене меморијата ме држи добро, здравствено сум лошо психички сум добар, меморијата ме држои добро. Гостувајќи надлежната јавна обвинителка на Канал 77 вели вака„ не ми го кажувајте вие мене Боки должеше пари го тепаа насекаде“. Истата таа обвинителка во својот воведен говор зборуваше дека Катица Јанева ми давала доверливи информации. Почитуваната надлежна обвинителка во овој кривично правен настан беше чест гостин во 1 ТВ исто така поради тоа што сакајќи да ја покаже транспарентноста на институцијата која што ја води не информирала мене лично за многу кривично правни настани кои што ги раководи, така да разлика немало. Колку што сум седел во ресторан со второобвинетата толку сум седел во ресторан и со надлежниот јавен обвинител, вели Боки 13-ка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This