April 19, 2024, 11:39 pm

БОКИ 13 ГИ „ЧACTЕЛ“ БАРДОВИТЕ CKAПИ ЧАСОВНИЦИ: Не плаќал данок – дал и милионска позајмица, а пари не барал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога инспектори на УЈП пак ја посетиле 1ТВ, во неа имало работи кои недостигале. ТВ опрема, кујна, мебел… На прашање каде се, им одговориле дека ги продале на Бојан Јовановски, а како доказ прикажале фактури, со пресметан данок, пренесува ТВ 21.

„Пронајдовме фактури за ноќевања во хотели, авионски билети за лица кои не се вработени во 1ТВ. Од страна на УЈП тоа е класифицирано како лично примање без пресметан персонален данок. Имаме и многу фактури за набавка на подароци (часовници и сл.) за кои ние пресметавме персонален данок. Во 2018 година исплатена е дивиденда на Јасна Мандиќ која не е сопственик на 1ТВ и тоа е противзаконски. Ние пресметавме и на тоа персонален данок“, велат од УЈП.

Според информации на УЈП се работи за милионска сума. 1ТВ дала позајмица на БМЈ Медиа груп во 2018 година, но тие пари никогаш не биле вратени кон телевизијата. Од страна на УЈП направено е оданочување.

Според законот за добивка, позајмица мора да биде вратена до крајот на годината, во спротивно подлежан на закон за добивка.

Неговата мајка пак на користење на 1ТВ дала и еден џип. Но, од УЈП додаваат дека кога нешто се дава под закуп треба да се пресмета данок.

Сметката на 1ТВ е блокирана, два дена пред приведувањето на Бојан Јовановски. Од УЈП сметаат дека за 1ТВ нема основ за кривична пријава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This