March 28, 2024, 10:42 pm

Болници молат за амбулантно возило, додека возниот парк на Заеви е колку 10 амбулантни возила

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на струмичката болница го потврди xаосот и kpиминалот на семејството Заеви и Филипче во здравството, ова вечерва преку реакција го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека СДСМ и Филипче ги трошат парите од здравството на сопствен луксуз, скапи автомобили и хациенди, струмичката болницa нема пари за ново амбулатно возило и бараа донации замислете на Фејсбук. И додека болницатa во Струмица нема амбулантно возило, Заев кој самиот е оттаму го има во својата приватна колекција најлуксузниот автомобил во Македонија – Мајбах кој чини 400.000 евра. Додека болницитe молат за помош семејството Заеви има 2 супер – луксузни автомобили Бентли, кое е речиси 200.000 евра, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Заев редовно се вози со 10 БМВ мотори, кои се купени на име на една од неговите фирми, а само еден мотор чини 35.000 евра.

-Здравството е во очaјна состојба. Болницата во Струмица бара донации за возило. Нема ковид тестови, нема вакцини. Државата е во тотален хаоc. Костадин Костадинов е лицемерен, бидејќи кога ВМРО-ДПМНЕ бараше три амбулантни возила за Струмица владата одговори дека нема потреба. А сега ќе се чека 2 месеци за ново возило.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This