April 18, 2024, 11:07 pm

Болничapка од Куманово го пpeлежа виpyсот, сега повторно е пoзитивнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Куманово треба да се потврди дали кај пациент кој прележал КОВИД-19 повторно му се вратила болеста, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во светот да, има такви случаи, има мутација на вирусот, има потврда на рецидив на болеста, а се очекува во Куманово набрзо да се потврди дали има таков случај, рече Филипче.

Претходно, повикувајќи се на свои доброупатени извори во болницата „Слободен печат“ пренесе дека медицински работници од кумановската болница кои го прележале коронавирусот и добиле два негативни теста, повторно се инфицирале и добиле позитивен брис, иако мислеле дека вирусот е зад нив.

Во еден од случаите, станува збор за болничарка која водена од хуманоста отишла да донира крвна плазма за да му помогне на друг човек да се излекува и при стандардните рутински проверки кои му се прават на секој излекуван пациент, дознала дека всушност во моментот е носител на вирусот и дека не може да донира. Оваа информација била шокирачка за сите, си помислиле да не е грешка, но набрзо се појавил уште еден ист случај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This