April 20, 2024, 12:01 am

Бомба испратена и до Бајден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во пошта во сојузната држава Делавер откриен сомнителен пакет адресиран за поранешниот потпретседател на САД

Федералното истражно биро потврди дека испратило агенти во пошта во државата Делавер. Објектот бил евакуиран рано во четвртокот. Според извештаите во медиумите, деветтиот сомнителен пакет е испратен до поранешниот потпретседател Џо Бајден, кој живее во округот Њукасл.

Полицијата во Њујорк денеска рано наутро презеде сомнителен пакет од долен Менхетн.

Медиумите цитираат полициски претставници кои што велат дека пакет, сличен на оние кои се упатени до истакнати демократи, е испратен и на адреса на ресторанот кој што е во сопственост на актерот Роберт Де Ниро. Пакетот со специјално возило е пренесен на испитување.

Од вчера американските истражни органи работат на откривање кој е одговорен за испраќањето на експлозивни направи преку пошта до голем број актуелни и поранешни владини претставници од висок ранг, како и до CNN.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This