„БОМБА“ НА КОСОВО: Али Ахмети, Еди Рама и Хашим Тачи во преговори за поделба на Косово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По предлогот на Австрија северот на Косово да добие автономија, познатиот политички аналитичар Бера Бузала тврди дека Хашим Тачи, Еди Рама и Али Ахмети разговарале за поделба на Косово


Бузала на својот фејсбук профил напишал дека помеѓу тројцата лидери постои „договор кој ќе ги промени границите на Косово“.

Бузала тврди дека косовскиот претседател, албанскиот премиер и лидерот на ДУИ Али Ахмети, за поделбата на Косово разговарале во Тирана.

„Такво сценарио, сепак, нема да ги промени границите на другите држави, туку само границите на Косово“, наведува Бузала.

Инаку, според пишувањето на „Газета експрес“, за поделбата на Косово наводно е вклучена и Грција, односно истиот предлог го поддржува и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

Приштинскиот весник пишува дека Тачи се наоѓа во Брисел на собир посветен на поделбата на Косово.

„Никој во косовското претседателство не зборува за тоа каде е денес Хашим Тачи. Само потврдија дека утре ќе биде на Косово, каде ќе се состане со словенечкиот претседател Борут Пахор“, наведува медиумот.

„Газета експрес“ пишува дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај е против идејата за поделба на Косово.

Советникот на премиерот, Авни Арифи, рекол дека шефот на владата никогаш не бил дел од такви разговори.

„Невистинито е, злонамеро и лудо да се размислува за учество на Харадинај на такви преговори“, вели Арифи.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This