БОМБА ОД ВИКИЛИКС: За Димитров во 2008 предлогот Северна Македонија бил еден од најлошите во историјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никола Димитров ја имаше ,,честа” да го стави потписот на капитулантскиот договор за промена на името и истиот сега жестоко да го промовира во јавноста како наводна шанса за живот во Македонија. Од претходните објави на Викилиск дознаваме дека Македонија уште во 2008 година го имала истиот предлог кој денес Заев го прифати, а ВМРО-ДПМНЕ тогаш како владеачка партија го одбила.  Но не секогаш Димитров размислувал вака. Димитров во 2008 како шеф на кабинет на Никола Груевски и како преговарач во спорот за името сметал дека предлогот Северна Македонија и пакетот кој денес СДСМ го прифати е еден од најлошите предлози во поновата историја.

Откако во текот на вчерашниот ден имавме бранкојавление, односно поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски повика да граѓаните да гласаат за промена на името на држвата редно време е да ја дознаеме вистината и за неговото делување по однос на прашањето за името кога тој навистина имаше некакво политичко влијание во државата.

Имено од извештаите на амбасадата пратени во Вашингтон, а објавени на Викиликс дознаваме дека Бранко Црвенковски како претседател на Македонија го молел тогашниот амбасадот на САД, Рикер да направи притисок врз Македонија за прифаќање на договор со Грција за кој и самиот знаел дека е спротивен на македонските национални и државни интереси. Црвенковски тогаш му пренел на Рикер дека тогашниот премиер Никола Груевски не сака да го прифати предлогот кој е штетен по македонските национални и државни интереси, а дека македонскиот народ е спремен за решение.

Никола Димитров како тогашен преговарач за името редовно го брифирал претседателот Црвенковски за тоа каков е текот на преговорите за името, за разлика од сега кога опозицијата и претседателот Иванов беа целосно исклучени од преговорите. Од претходните објави на Викилиск дознаваме дека Македонија уште во 2008 година го имала речиси истиот предлог кој денес Заев го прифати, а ВМРО-ДПМНЕ тогаш како владеачка партија го одби.  Црвенковски и Димитров уште тогаш за предлогот кој сега го поддржуваат и промовираат велат дека е во интерес на грчката страна и задира во иденитетот на Македонците и македонскиот јазик.

 

Линк од Викиликс:

https://wikileaks.org/plusd/cables/08SKOPJE618_a.html

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This