БОНЕВА ДОБИВАЛА ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Силвана Бонева ја објави оставката на Фејсбук, објасни дека се случил класичен линч и уривање на достоинството на институцијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс-пратеничката, а од денес и екс-членот на Државната изборна комисија Силвана Бонева, на социјалните мрежи го објави писмото со кое го известува Собранието на Р.Македонија за оставката од фунцкијата на која беше избрана

 

Како што објаснува, таа била цел на јавен линч без претходно да се одржи било каква расправа и разгледување на наодите кои ги објави странскиот дипломат во државата, а таа и членовите биле однапред осудени на корупција.

Бонева го информира Собранието дека поради начинот на кој беше соопштена одлуката за бонусите, таа и останатите членови на ДИК биле соочени со закани по живот, а во Струмица се појавиле и некролози со нејзината фотографија и име поставени на електричните столбови.

Текстот од писмото го објавуваме во целсот:

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

До
Собрание на Република Македонија

Предмет: Оставка

Почитувани пратеници,

Собранието на Република Македонија со Одлука бр. 08-5919/1 од 16.12.2015год. ме избра да бидам член на Државната изборна комисија.
Од изборот па се до денес, совесно, одговорно, согласно закон и со целосно мое ангажирање ја извршував функцијата.
Минатата недела членовите на ДИК беа посочени како типичен школски пример за корупција и подложени на јавен линч, со неосновани обвиненија и истовремено носење на пресуди, иако законски сме работеле, дека сме биле неморални.
Сакам да потсетам дека со Измените и дополнувањата на Изборниот законик во 2014 год. се создаде законски основ, не само службите на ДИК и целата изборна администрација на локално ниво, што од 2006 год. до 2014 год. земаше надоместок за прекувремената работа, туку и избраните и именувани финкционери во ДИК, да добиваат надоместок за прекувремената работа, за време на изборниот процес.
Оваа одрдеба на Изборниот законик се применувала од 2014 год. до денес, со согласност на Министерството за финансии и со средства предвидени во буџетот на ДИК, одобрени од Собранието на Република Македонија. Примената на оваа одредба досега не била оспорувана и предмет на линч на јавноста. Симптоматично е што линчот е после три годишна примена на Законот и е насочен само кон 9-те членови на ДИК, и тоа токму сега, но не и за изборната администрација, на која исто така и беше исплатен надоместок, во зависност од времетраењето, одговорноста и сложеноста на нивниот прекувремен ангажман, во износ од 1-4 плати.

Отсуствуваше расправа и реакција и од страна на Собранието на Република Македонија, кое не избра со 2/3 мнозинство на гласови, па без да се знаат фактите и Законот, станавме мета на излив на бес на јавноста, посебно насочен кон мене, со клевети, лаги и шпекулации. Бруталните навреди, клевети, закани по живот преку социјалните мрези и некролози за мене на електричните столбови низ Струмица, е целосна повреда на моите основни човекови права, честа и угледот, а се во име на демократијата, правната држава и гласот на народот. Со ваквата хајка се урниса и достоинството на институцијата – Државна изборна комисија на Република Македонија, како највисок државен орган кој е задолжен не само за спроведување на избори, туку и за спроведување на референдуми на државно и локално ниво.

Од овие причини, а заради зачувување на мојот личен интегритет како човек, ја поднесувам оваа оставка и Ви благодарам за досегашната искажана доверба.

Скопје, 12.12.2017 година.

Со почит,

Член на
Државна изборна комисија
на Република Македонија
Силвана Бонева

[/kopa_block_quote]

 

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This