БОРА ЧОРБА РЕАГИРА СО СООПШТЕНИЕ: Им благодарам на оние кои понудија финансиска помош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Естрадниот магазин „Свет“ пишува дека фронтменот на „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ е тешко болен и дека наскоро оди на лечење, а оваа вест ја пренесоа домашните и регионалните медиуми.

 

„Бора неодамна дозна дека е бoлен.Единствено решение е опepацијата“ вели извор за „Свет“.

По овие пишувања, Бора Чорба реагираше со соопштение во кое ги демантира овие пишувања.

„Рибља Чорба не ги откажа концертите, ниту ќе откаже еден настап. Напротив, 7 декември сме во Минхен, а во подготовка е голема турнеја. Се закажуваат и датуми за Америка. Веста за откажување на концертите е злoнамepна, со намера да ни го обезвредни албумот „Да тебе није“ и да внесе несигурност кај нашите фанови, но и да ги обесхрабри организаторите“ вели Бора и додава:

„Исто така злонамepно е напишано дека бараме некои пари. Им благодарам на оние кои понудија финансиска помош, но пари не ни требаат. Сите во бендот сме осигурани“.

На крајот, Ѓорѓевиќ се огласи и за написите дека е тешко бoлен.

„Не сум тешко болен, а тоа се виде на успешаната турнеја во 25 градови, а посебно на последните два – 13 септември во Љубљана и 5 октомври во Виена. Свириме и пееме подобро од кога и да било. Веруваме дека ваквите информации се caботажа на лoши луѓе. Во име на „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This