„БОРБА ЗА ВАКЦИНА“: САД имале докази дека Кина се обидува да го забави или саботира развојот на вакцината против Ковид-19 во земјите на Запад

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД имале докази дека Кина се обидува да го забави или саботира развојот на вакцината против Ковид-19 во земјите на Запад, изјави денеска републиканскиот сенатор Рик Скот.

„Мора да ја завршиме вакцината. За жал, имаме докази дека комунистичка Кина се обидува да ја саботира или забави“, рече Скот во интервју за Би-Би-Си.

Тој изјави дека Кина одлучила да биде противник на Америка и демократијата ширум светот. „Кина не сака ние да дојдеме први до вакцини“, додаде Скот.

На прашањето какви докази имаат САД, Скот одби да открие детали, но рече дека станува збор за разузнавачки податоци.

„Вакцината е важна за сите нас за да ја подигнеме економијата. Искрено веруваме дека ако Англија прво дојде до вакцина или ние ја направиме, тогаш не ќе ја споделиме. Комунистичката Кина нема да го стори тоа“, рекол Скот.

Кина денес порано соопшти денеска дека ќе ја зајакне меѓународната соработка ако успее да ја развие вакцината.

Кинескиот министер за наука и технологија Ванг Јиганг изјави дека вакцината што ќе ја направи Кина ќе биде „глобално јавно добро“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This