Борисов: Бугарија се замрази со Македонија и е скарана со соседите заради Радев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов го обвини претседателот и кандидат за втор мандат Румен Радев, дека само за една недела успеал да ја скара Бугарија со нејзините соседи и земјата да се замрази со Македонија. Борисов исто така нагласи дека Радев дал срамна изјава дека Крим е руски.

Од најомилената земја на Балканот, според Борисов, Бугарија сега е скарана со сите соседи и се мрази со Македонија и со Албанија, се мрази со Турција и постои реална закана од етнички конфликт и закана од илегални мигранти.

Борисов истакна дека е срамно Радев да оди на средбите на врвот на НАТО, да ја раководи иницијативата „Три мориња” и да кажува потоа, дека Крим и припаѓа на Русија.

Борисов ја искористи можноста да ги обвини своите противници од Демократска Бугарија, Христо Иванов и Атанас Атанасов и неговиот поранешен најблизок партнер во ГЕРБ, Цветан Цветанов.

Борисов е зачуден и што потенцијалниот кандидат за премиер на Бугарија, Кирил Петков, стои покрај Румен Петков, кој го прекрши меѓународното право, а тој молчи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This