March 28, 2024, 12:41 pm

Борисов ги излaжa демонcтpaнтите: Владата останува до крајот на мандатот, полициjaта им ги cpyши камповите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синоќа, во раните ноќни часови, бугарската полиција и жандармерија ги сруши и отстрани камповите на демонстрантите во Софија и другите бугарски градови, кои ги блокираа главните сообраќајни точки, во знак на протест против кабинетот на премиерот Бојко Борисов и барањето оставка на Владата и главниот обвинител Иван Гешев, јавуваат медиумите.

Полицијата ги повикала демонстраснтите да ги пренесат поставените шатори од улиците на тротоарите, а оние кои одбиле да го сторат тоа, 12 до 14 лица, биле приведени, а потоа дел и ослободени. Останатите ќе бидат ослободени, откако ќе им бидат подготвени и врачени акти за непочитување на полициски наредби.

Главниот полициски комесар Тони Тодоров на утринскиот брифинг со новинарите изјави дека при спроведувањето на акцијата не било применето насилство

Физичка сила е употребена само против едно лице на Орлов мост, но во границите на нашите овластувања, изјави Тодоров.
Тој додаде дека во иднина нема да биде дозволено блокирање на крстосниците, што го блокира сообраќајот и движењето на граѓаните.

Одлуката за отстранување на блокадите била донесена на последната седница на владејачкиот коалиционен совет. Но, индикативно е што одлуките не ги соопшти премиерот Бојко Борисов, туку неговиот коалиционен партнер Валери Симеонов.

Симеонов соопшти и дека Борисов нема да поднесе оставка на премиерската позиција и оти владата ќе го заврши својот мандат.

Ова, пак, е спротивно од тоа што Борисов го соопшти за време на партиската конференција на владејачката ГЕРБ дека е подготвен да поднесе оставка за да не дојде до продлабочување на политичката криза во земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This