Борисов најави ocтавка ако се рacпишат нови избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов во денешното вонредно обраќање до нацијата најави дека неговата парија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) ќе побара итна седница на Големото народно собрание (државен орган што ја извршува законодавната власт), на која би бил донесен нов Устав и би биле распишани нови парламентарни избори, јави БГНЕС. Веднаш по нивното распишување најави дека ќе поднесе оставка од премиерското место.

– Време е за одговорност и одлучност! Време е не само за смена на политичкиот систем, туку за рестартирање на државата. Неопходно е рестартирање на политичкиот модел и не може повеќе да се пролонгира! Единството, државноста и стабилноста на земјата за мене не се само прости зборови, тоа е основата од која сум тргнувал за секое решение, посочи Борисов.

Тој наведе дека нов Устав барале и граѓаните и невладините организации, кој ќе биде во согласност со европските правила.

– Затоа предлагам свикување на Големото народно собрание, кое ќе спроведе уставни измени, посочи Борисов.

Тој наведе дека ќе побара намалување на бројот на пратениците од 240 на 120, додека во Големото народно собрание бројот на претставници да биде намален од 400 на 280.

Борисов предлага и укинување на Вишиот судски совет и создавање на Судски совет на судии и Судски совет на обвинители, мандатите на судиите во сите бугарски судови да бидат пет години, формирање на Институт за индивидуална уставна жалба, главниот обвинител да биде сослушуван секои шест месеци од Народното собрание. Тој наведе дека со тоа ќе се зајакне довербата во судскиот систем.

Тој во обраќањето се пофали и со успесите на Владата, а се осврна и на антивладините протести, наведувајќи дека го почитува бунтот на младите луѓе.

– Тие сè уште имаат шанса да создадат ново, легитимно, демократско движење и нова генерација на политички лидери со демократски имиџ на Бугарија. Време е младите да ја реализираат својата историска мисија и тешкиот пат што ќе го предложам да го изодиме заедно, наведе Борисов.

Тој истакна дека до сега во името на демократијата двапати се повлекол од функцијата, а народот го вратил.

– Дојде време секој од нас да направи политички и историски избор. Само на овој начин ќе биде можно да се започне чистење. Во време на најтешка социо-економска криза, време на пандемија, време полошо од Големата депресија, кога светските економии се распаѓаат, земјата мора да излезе обединета, истакна Борисов.

Тој најави дека во оној момент кога Народното собрание ќе распише нови парламентарни избори, тој ќе се повлече од позицијата премиер.

–Во моментот кога Народното собрание ќе донесе решение да се распишат парламентарни избори, согласно член 160 од Уставот, јас уште истиот ден ќе се повлечам од местото претседател на Владата, рече Борисов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This