БОРИСОВ ПАК ГО ПОФАЛИ ПЕНДАРОВСКИ: Ја разбрал историјата – ќе се сретнат во Сараево

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека ќе има средба со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, следната недела во Сараево на состанокот на ПСЈИЕ. Тој, во статус на Фејсбук по средбата со премиерот Зоран Заев во Познањ го пофали Пендаровски дека ја разбира вистината за заедничката историја, вклучително за Гоце Делчев.

„Бугарската страна уште од 1992 година настојува „за објективно претставување на историските факти“. Задоволни сме што постепено, а се надеваме и трајно, вистината за заедничката историја вклучително и за Гоце Делчев почнува да се кажува јавно од политичари на највисоко ниво во Република C Македонија, како на пример претседателот Стево Пендаровски“, напиша Борисов.

Тој е оптимист дека до крајот на годинава, заедничката Комисија составена од експерти по историја од двете земји ќе постигне согласност за темите како Илинденското востание и за Гоце Делчев

„На ниво на премиери и на министри за надворешни работи ние си имаме меѓусебна доверба, но сега треба да работиме на доверба на ниво на комисиите и на админситрациите за да имаме реален резултат. Потребна е нова динамика во работата на Комисијата која ќе доведе до брзи и категорични резултати до крајот на 2019 по теми како Илинденско-Преображенското востание, Гоце Делчев“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This