Борисов: Трифонов e пoлитички cтpaшливeц

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Слави Трифонов мора да оди да го земе мандатот и да објасни зошто не може да управува со 165 пратеници. Ова го изјави во живо на Фејсбук бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов, коментирајќи го предлогот на „Има таков народ” за премиер, јави дописникот на МИА од Софија.

„Никој не ја оспорува титулата во шах, но тука станува збор за спортски менаџмент и политика”, рече Борисов, осврнувајќи се на предлогот на Трифонов за премиер – Антоанета Стефанова. „Целата моја почит кон Антоанета Стефанова, но ако стане премиер, таа ќе оди да го праша пратеникот Слави Трифонов за се. Тие не го сакаа тоа. Ова е голем страв “, додаде Борисов.

„Интересно беше да се видат нивните експерти и министри. Со Стефанова ќе треба да разговараме само за шахот “, наведе премиерот на Бугарија во оставка.

Борисов коментира дека вкупно над 200 милиони лева ќе бидат потрошени на избори. Наместо овие пари да влезат во економијата и да создадат производ, ќе бараме некој да освои мнозинство.

Бојко Борисов го нарече Слави Трифонов политички плашливец. „Кукавица е оној кој со 165 пратеници вели дека не му се доволни и сака 240″.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This