БОРЦИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА 75 ДЕНА ВО ЗАНДАНИ :„Не дозволувајте да нè обезличат“,

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 

Денес поминуваат 75 дена како се во притвор поголемиот дел од приведените за настаните на 27 април, а некои многу порано заглавија во судско затворските лавиринти. Меѓу нив е популарниот блогер Богдан Илиеввски. Тие што добро го познаваат велат дека Богдан во целиот свој живот нема добиено казна за погрешно паркирање, а не пак да имал некаков поголем проблем со законот. Денес тој се сооочува со обвинение за тероризам, организирање и потикнување.

Зад позадината на сета оваа очигледна политичка хајка се крие можеби патетична, но сурово вистинита репетиција на историјата и животите на сите оние кои страдале за Македонија. Современите борци за Македонија 75 дена седат во затворот во Шуто Оризари, во истиот момент кога на слобода се пуштаат 1 000 затвореници, но не политички страдалници  како оние од 27ми, туку вистински и осудени криминалци, за грабежи, насилство, изнудување…75 дена горчина и кај сите оние кои излегуваа на протестите на За Заедничка Македонија, а кои сега пред свои очи го гледаат политичкиот прогон чија единствена цел е влевање на страв и обезбедување на молк за сето она што се случува поврзано со името на земјата, државата, историјата, идентитетот.

Сите оние кои искусиле или имале можност да слушнат за условите во затворот Шуто Оризари, кажуваат дека е вистинска хорор приказна. 75 дена македонските патриоти седат во затворски келии каде основата е кршење на човечкиот дух и достоинство. Влага по зидовите, кревети кои се распаѓаат, неподнослива миризба на расипано и гнило престојувалиште, и топлнина од само два часа дневно, во ситуација кога има минусни температури. Во време кога секој затвореник се бори да не премрзне, да се прехрани и да дојде барем до редовен, но далеку од пристоен оброк, во стиуација кога се мета на разно разни подбуцнати од власта криминалци, потпалувачи и силеџии, притворените од 27 април не се ни во состојба да размислуваат за подготовка на фер одбрана за делото за кое се теретат.

-Но нивното судење е за дело тероризам кое не постои, во 21 век се судат луѓе затоа што ја сакаат својата држава.

Остануваат силно да се паметат зборовите на Боган Илиевски кажани на протестот пред Собранието каде велеше ” Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено. Граѓаните одлучија дека ќе се борат за заедничка Македонија за земјата во која живеат и ја сакаат. Исто како што живееле нашите претци, а ќе живеат и нашите поколенија. Ќе живеат како горди граѓани во Македонија. Горди, бидејќи се широки во срцето и со огромна почит за сите свои сограѓани. Сонцето кое некои сакаат да го снема од нашето знаме ќе продолжи да свети подеднакво за сите и од тоа не отстапуваме. Не го даваме нашето знаме. Мораме, наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ке живеат заеднички, мирно и достоинствено, а не во поделена земја затоа што одредени неодговорни политичари, без грам памет и чувство за државата во која живеат, решиле да си играат игра. Игра во која нас ќе не плашат со разни сценарија за дестабилизација и санкции за тие да можат да си ја завршат валканата работа во која ке го делат народот за да дојдат на власт, истакна Илиевски.

Во една прилика Илиевски посочи ако и’ мислите добро на Македонија, откажете се од платформата”

Денес 10 месеци по 27 април се обвистинува се она што го посочуваа Богдан Илиевски, Борис Дамовски, Дурловски, Јовановски и сите остаати интелектуалци, актери, писатели. Македонија чекори по работ на огромна бездна, која и се заканува по нејзиното постоење, онаква каква што постои по АСНОМ и 8 септември 91та. За само 10 месеци се склучи штетен договор со Бугарија со кој македонската историја станува и бугарска, во собранието е закон за јазици ист онаков на каков што предупредуваа од За Заедничка Македонија, закон кој треба да ја редифинира државата и закон со кој се губи унитарниот карактер на државата. И на крај, додека патриотите како Богдан седат 75 дена во затвор, актуелната влада и Зоран Заев договараат преименување на државата и откажување од македонскиот идентитет.

“Името е идентитетот на земјата, секоја буква е нејзнината историја, име и презиме на она што сме, македонци. Промената, додавка или одземањето на буква од тоа име е промена и откажување од идентитетот, и тоа да е јасно”- порача на еден од протестите на Заедничка Македонија Борис Дамовски.

-“Сакаат да го потонат бродот Македонија.  Јуда го предаде Бог за 30 сребреници, за колку сребреници денешниот Јуда ќе ја предаде Македонија?” велеше Владо Јовановски.

За Заедничка Македонија останува најавтентичното и најмасовното македонско движење каде граѓаните од цела држава излегоа на улиците цели 80 дена. Државата сега се наоѓа под масовна хипноза на замолченост и страв, кој доколку не се победи, државата неповратно се губи!

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This