БОРЈАН ТОДОРОВ ИЛИ НИКОЛА ЈОВАНОВСКИ: „Hoжето“ од грбот на Груевски, на кафе со кумашинот Борјан Јовановски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Традицијата во Македонија наложува дека младоженецот или новопечениот татко кумот го бира од редот на најблиските другари. Оние кои биле тука кога ти било најтешко, кога ти било најубаво, кога си имал но и кога си немал. Е сега, се поставува дилемата како кумот на „Министер за смрт“ му помагал на Никола Тодоров, но кумашинчето е тука да го почасти кумот и веројатно да му каже „благодарам“

 

Никола Тодоров или кумашинчето кое го доби називот „Министер за смрт“ и неговиот кум Борјан Јовановски, се забележани како безгрижно си го пијат утринското кафе, во едно кафуле позади Универзална сала.

И сега, останува нејасно за каква бескомпромисност, образ ѓон или амнезија станува збор, но Тодоров докажува дека неговата политичка активност во ВМРО-ДПМНЕ била далеку од патриотска и искрена, напротив, полека но сигурно се потврдуваат чаршиските муабети дека токму „Министерот за смрт“ бил човекот кој ја клекна партијата на колена. Дека тој бил „ножето“ за кое зборуваше Никола Груевски во својот говор во Валандово. Дека Тодоров навистина бил „Министер за смрт“ кога системот за водење кампањи на ВМРО-ДПМНЕ им го предал на СДСМ.

Очигледно, врската со СДСМ била токму Борјан Јовановски кој според последните стихови на поетите од новинарската фела е и вработен во штабот на СДСМ. За колку пари и каков аранжман не се знае, но дека Јовановски е редовен на Бихаќка ќе ви потврдам и јас. А ќе ви потврди и Борјан, за тоа колку пати сме се сретнале во штабот на владејачката партија и колку пати другите новинари кои го виделе како влегува-излегува од партиските простории го поздравиле.

Инаку, Тодоров му е политички гуру на Митко Јанчев. Тодоров беше шеф на неговата кампања, а му е водич и во пост-изборниот период. Сега, кога Јанчев со дрва и со камења фрла по партијата која го направи градоначалник, иако пред кандидатурата беше апсолутна непознаница за ВМРО-ДПМНЕ па „министерот смрт“ морал да гарантира кај Груевски за овој да ја добие кандидатурата.

И тоа е уште едно од „ножињата“ во грбот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

На крај, џабе ќе пишувате деманти и ќе се заканувате со тужби. Ние само кажуваме тоа што го знаеме, а на вас останува да измислувате.

 

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This