БОШЊАЦИТЕ ПОРАЧУВААТ: Македонија не е за продажба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На крајот граѓаните ќе победат! Ќе победи мултиетничкиот концепт на нашето општество и затоа ги повикувам сите Бошњаци и сите мои сограѓани да кажат не за редефинирање на државата. Граѓаните не може да бидат игнорирани. Македонија не е за продажба, напиша доц. д-р Зеќир Рамчиловиќ, пратеник во Коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил.

zecir-r

-Бошњаците се честит народ. Секогаш сме биле со нашите сограѓани и во добро и во лошо. Бошњаците и овој пат се ставаат против решенија со кои се разградува државата и се фаворизира една заедница за сметка на друга. Така се прави дисбаланс и се руши граѓанска Македонија. Живееме во мала држава, се знаеме сите, и Македонците, и Албанците, и Ромите, и Турците, и Србите, и Власите. Заедно сме се соочувале со разни предизвици. Премногу сме мудри за да потпаднеме на лудилото со кое ќе се прокоцка државата. Оваа игра е многу поголема од тоа што личи.
Но на крајот граѓаните ќе победат!!! Ќе победи мултиетничкиот концепт на нашето општество и затоа ги повикувам сите Бошњаци, и сите мои сограѓани да кажат не за редефинирање на државата. Граѓаните не може да бидат игнорирани. Македонија не е за продажба!!!

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This