БОЈАН СТОЈАНОСКИ: Политички конструираните обвиненија и предмети на СЈО се преседан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СЈО е инструмент диригиран од страна СДС за да врши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска пред СЈО Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Кривичните постапки на СЈО се тенденциозни и политички мотивирани. Сите акции кои ги превзема СЈО се во насока на оцрнување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Заев. Зоран Заев јавно говореше дека не ги признава судските одлуки и не одеше на рочишта, а судот му го врати пасошот. Охрабрени од ваквите привилегии за Зоран Заев, кој има третман дека е над законот, СЈО се впушти во политичка авантура неосновано да бара мерки за обезбедување за неговите неистомисленици. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ја опструира правдата, затоа што не сторило ниту едно кривично дело и секогаш работело според Устав и законот, вели Стојаноски.

Тој потенцираше дека барањата за притвор на СЈО за раководството на ВМРО-ДПМНЕ беа желба на Заев со која би го елиминирал стравот од поразот кој го чека на локалните избори.

-Се поставува прашањето дали Зоран Заев мисли дека на ваков начин, преку нарачан политички прогон ќе успее да изврши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ за да ги протне антидржавните политики? Не една, туку сто „Катици“ нема да му помогнат. Не 20, туку 200 политички конструирани обвиненија нема да му завршат работа. Почнувајќи од „Титаник“, преку измислените тврдини, траектории и тенкови, сите обвиненија се без основа и срам за правосудниот систем и за оние кои ги конструирале. На граѓаните на Република Македонија им е совршено јасно дека СЈО работи под директен диктат на СДС. Обвиненијата на СЈО се само наратив од пресконференциите на Заев и служат единствено за оцрнување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, рече Стојаноски.

Тој вели и дека ова не е право и правда, ниту има каква било допирна точка со правото и правдата. Ова е политика.

-Политички конструираните обвиненија и предмети на СЈО се преседан. Катица Јанева и нејзините соработници се чуствуваат моќни и недопирливи мислејќи дека Заев вечно ќе владее. Реалноста не е таква. Зоран Заев ќе ја загуби власта и ќе се врати правната држава, а секој ќе сноси одговорност за незаконското работење, заврши Стојаноски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This