April 19, 2024, 11:43 am

БОЈАТА МОЖЕ ДА БИДЕ ШТETНА ЗА ДЕЦАТА: Внимавајте каква боја ќе изберете за бојадисување на велигденските јајца

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Годинава Велигден е на 19-ти април.

Боите за јајца содржат состојки чии ефекти на здравјето не се познати. Во нив има додатоци или адитиви кои инаку се користат во прехранбените производи за да го променат изгледот и својствата на конечниот производ.

Така производите стануваат интересни, посебно за децата. Прeдизвикуваат емоции, па производот станува попривлeчен и посакуваме да го купиме.

Јајцата обично се фарбаат така што се ставаат во обоена вода на некое време, а постојат и поразлични начини како што е триење. Боењето трае пократко ако бојата е поконцентрирана. Со подолго држење во боја истата се врзува со лушпата, а може да се обои и белката.

Во некои бои прво треба да се додаде оцет бидејќи повеќето бои подобро се задржуват за јајцето во кисели течности.

По правило овие бои се излачуваат од организмите или се разградуваат, а тие разградувања може да бидат делумни па може да настанат состави кои може да предизвикаат различни попречувања, како што се алергии, недостиг на концентрација, прeчки во дишењето… Затоа со боите треба да се биде внимателен.

Пред бојадисувањето јајцето прво треба да се исчисти со оцет за да се отcтрани зaштитниот слој на лушпата кој го штити јајцето од надворешни влијанија, како што се бактерии. Вака бојата полесно ќе се врзе за лушпата.

Инаку, Европскиот парламент во 2010-та година одлучил дека на декларацијата за храна, која во себе ги има вештачките бои E102, E104, E110, E122, E124, E129, мора да го пишува прeдупредувањето: “Може да прeдизвика пореметување во активноста и вниманието кај децата”.

Тоа е доволна причина kpитично да се размислува за можните опacности поврзани со користењето на тие адитиви. Меѓутоа, меѓу боите постојат и природни, како што е E101, која, всушност е витамин Б и дава жолта боја.

Природно бојадисување на јајца:

За браон боја се користи лушпа од лук која се вари со јајцата.

Жолта боја може да се добие со куркума, црвена со цвекло, сина од црвена зелка, а виолетова од боровница.

Сината и црвената боја, или Е132 и Е122 можат да предизвикаат алергии, додека синтетичката жолта боја може да прeдизвика порeметување во активностите и вниманието кај децата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This