БОЈКОТИРАМ ЗНАЧИ НЕ ГЛАСАМ!: Бојкот на референдумот и никој да не гласа на 30. септември!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според членот 120 од Уставот, одлуката на референдумот за членство во ЕУ и НАТО се смета за усвоена, ако ЗА гласаат 900.001 од вкупно 1.800.000 избирачи! За жал, Владата неуставно и незаконски распиша референдум според членот 73 од Уставот, според којшто ЗА треба да гласаат најмалку 450.002 избирачи. Ама и за оваа опција потребно е да гласаат 900.001 избирачи, што е невозможна мисија!

Свесна дека нема да биде усвоена одлука на референдумот на 30 септември 2018 година, поради безусловен бојкот на референдумот и масовна неизлезеност на денот на гласањето, Владата повеќе не повикува на гласање ЗА, бидејќи само со тие гласови ништо не прави! Владата сега ги повикува тие што се ПРОТИВ да одат на гласање, за да го исполнат цензусот од 900.001 избирачи! Владата дури и лаже: Ако мнозинството од излезените на референдумот гласаат ПРОТИВ, само тогаш Спогодбата Димитров-Коѕиас повеќе не важи!

Напротив, Владата заборава дека и според членот 73 и според членот 74 и според членот 120 од Уставот, Собранието одлучува за распишување на референдум со определено мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Но, одлуката на референдумот е УСВОЕНА, ако за неа гласа мнозинството од вкупниот број запишани избирачи!

Владата не смее да заборави: Ако на референдумот не гласаат ЗА мнозинството од вкупниот број запишани избирачи, Одлуката за членство во Европската Унија не е усвоена! Одлуката за членство во НАТО Алијансата не е усвоена! Спогодбата Димитров-Коѕиас не важи повеќе!

Владата заборава, дека според Законот за референдум, Референдум за исто прашање не може да се повтори пред истекот на рокот од две години од денот на одржаниот референдум!

Дури, според Законот за референдум, Собранието е должно во рок од 60 дена по објавувањето на резултатите од референдумот да го уреди прашањето, односно законот по кој се одлучувало на референдумот, во согласност со резултатите од референдумот!

Се разбира, не случајно, Владата одбра опција “референдум за консултирање“, иако тоа не е уставна категорија, затоа што по Законот за референдум одлуката на референдумот за консултирање не е задолжителна за Собранието! Само доколку Собранието донесе одлука за распишување на “референдум за одлучување“, одлуката на референдумот ќе биде задолжителна!

Меѓутоа, ни оваа манипулација со народот не ги оправдува Владата и Собранието, затоа што ја суспендирале слободно изразена волја на народот против промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

НЕ ГЛАСАМ, затоа што сум ПРОТИВ референдумското прашање! Референдумското прашање “Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“ незаконски содржи три прашања на едно гласачко ливче! (1) “Дали сте за пристапување на државата Македонија во сојуз со Европската Унија?“ (2) “Дали сте за пристапување на државата Македонија во сојуз со НАТО Алијансата?“ и (3) “Дали сте за Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“

Референдумското прашање “Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“ НЕ ЗАСЛУЖУВА одговор, бидејќи значи трајна промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

За потсетување, Македонците, по род и државјанство, во апсолутно мнозинство, на 8 септември 1991 година гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, одлуката на референдум е задолжителна за сите, без исклучок!

Алооо, Владааа, јасно ли ви е, или уште сте во бунило? Или ви треба уште некоја утка од МАНУ за покој на душата?

Пишува
Тодор Петров

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This