БОЈКОТИРАМ ЗНАЧИ НЕ ГЛАСАМ!: Референдумот е стапица за трајна промена на името и идентитетот, затоа не гласај!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата ја манипулира јавноста со три прашања на едно гласачко ливче, иако знае дека според Законот за референдум за секое прашање треба да има посебно гласачко ливче!

ЕУ и НАТО на гласачкото ливче се само стапица за трајна промена на името на државата како што договориле Димитров и Коѕиас во спогодбата од 17 јуни 2018 година!

За потсетување, народот на 8 септември 1991 година во апсолутно мнозинство веќе гласаше “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА” без додавки и без придавки, одлуката на референдум по Устав е задолжителна без исклучок за сите!

Затоа, НЕ ГЛАСАЈ на 30 септември! Оваа Влада кога и да е, мора да заврши доживотно во Идризово поради велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува, со конфискација на целиот имот на семејството дома и во светот!

И да нема излезеност од 902.000 од вкупниот број запишани избирачи, како што ќе нема, а Владата сака, навлекувајќи ги членовите на ВМРО-ДПМНЕ да им бидат декор за цензус (со слоганот: гласајте макар и против, м.з.), на крајот Зоран Заев ќе рече, како што менторот му вели:

Одлуката на референдумот не е задолжителна, бидејќи референдумот е консултативен, одлуката од консултативен референдум не е задолжителна! За членството во НАТО, веќе има одлука од Собранието донесена на 23 декември 1993 година. Уставниот суд на 8 февруари 2018 со решение потврди дека за НАТО, како меѓународна организација, нема потреба од референдум, доволни се само 61 глас во Собранието! А, за членството во ЕУ, со 80 гласа во Собранието и 902.000 гласа ЗА од вкупниот број запишани избирачи, ќе правиме друг референдум кога ќе завршат пристапните преговори со Брисел!

Со Спогодбата Димитров-Коѕиас, Атина станува администратор на новопроектираната држава “Северна Македонија” од 17 јуни 2018 година, а Македонија од суверена држава станува северна грчка провинција и територија без народ и без историја! Затоа, бојкот на референдумот и НИКОЈ ДА НЕ ГЛАСА на 30 септември 2018 година!

Не биди егзекутор на сопствената нација, не биди соучесник во злосторство против човештвото и геноцид врз Македонскиот народ, што претставува единствен случај во историјата на народите и државите во светот!

БОЈКОТИРАМ значи НЕ ГЛАСАМ! Не гласам затоа што сум ПРОТИВ! Прашањето за промена на името на државата и идентитетот на нацијата НЕ ЗАСЛУЖУВА ОДГОВОР! Не постои одговорност за гласање или негласање на референдумот!

Не дозволувај власта да изврши притисок врз тебе, да те заплаши со бркање од работа или реперкусии на работно место! Биди и остани горд Македонец, после 30 септември очекуваме неотповиклива оставка на Владата и распуштање на Собранието! Оваа агонија мора да заврши! Доста е!

 

Пишува
Тодор Петров

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This