БОЈКОТ НА НАСТАВАТА И ВО ТЕТОВО: Професорите од СОУ „Кирил Пејчиновиќ“во Тетово ги бојкотираа првите часови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Десетици професори од гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово во знак на протест заради доцнењето на платите за декември, ги бојкотираа првите часови. Раководството на училиштето го поддржува протестот и апелира до надлежните органи да преземат мерки за да се реши ова прашање.

-Законот за плати, знаеме дека има рок до кога да се исплатат. Разбирливо е дека и наставниците имаат право, бидејќи голем дел се случаи што би ги нарекол социјални, со долгови и кредити по банките, а банките никогаш не простуваат, тие бараат да се плати ратата, изјави за АлсатМ Даут Арифи, одговорен на професорите

Од општина Тетово вината за доцнење на платата ја префрлаат во Министерството за финансии.

-Утре Владата на дневен ред ќе ја има оваа точка, читање на буџетот на советот на Тетово, што значи дека во рок од една недела, по ова читање, веруваме дека платите ќе бидат тековно прашања како што беше и до сега – изјави за телевизијата Арменд Фазлиу -портпарол на Општина Тетово

Денешниот бојкот се случи само во гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово. Ако не се пуштат набрзо средства, тогаш револтот ќе се прошири и во другите училишта во Тетово. Во меѓувреме средствата не се пуштени и за голем број на средни училишта во Град Скопје.

АлсатМ.мк

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This