БОЈКОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ: Иванов е последната пречка која што го спречува планот на хунтата на Заев за промена на името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарот, Александар Пандов во своето гостување во Миленко Неделковски шоу ја начна идејата за бојкот на престојните претседателски избори оваа пролет. Оваа идеја според него е следствена на бојкотот на референдумот за промена на името, бојкот кој беше успешен и ги помати плановите на како што вели хунтата на власт. Имено тој потенцира дека претседателот Ѓорѓе Иванов е последниот бедем на државата и пречка за остварување на плановите на Зоран Заев за промена на македонското име и идентитет.

-Зошто е дојдена идејата за бојкотирање на претседателските избори. Не е дојдена идејата, сама по себе. Самите избори како избори се едно демократско право кое што граѓаните излегуваат и даваат оценка за владеењето на една политичка партија, власт како раководела со државата, со капацитетите на државата, со институциите со министерствата. И ние, ти во твојот вовед тоа го кажа дека во Македонија пред се оваа власт се устоличи, после 27 април кога за огромен дел од македонската јавност видовме како на нелегитимен начин под број еден беше избран Талат Џафери за претседател на Собранието со 58 пратеници, а после тоа тргна целата работа. Избор на Заев, избор на Влада и сите тие работи. Сето тоа ние го чувствуваме во оваа година и половина. Дали на ниво на безбедност, дали по прашање на квалитет на животи стандард, дали по квалитет на образование, дали квалитет на здравство. Но најважното она што нас највеќе не боли и она што сега во моментов е актуелно и се случува, а тоа се оние уставни измени кои што се прават и кои што планираат да ги завршат, а со цел промена на уставното име на Република Македонија и менување на македонскиот идентитет. Во борбата како ние како граѓани, кои што не сме политичари, кои што не сме активни чинители во политиката, не сме пратеници, не сме било што, нити сме во некои извршни тела на некоја партии. Ние потегнавме иницијатива, јас и ти бевме учесници во тоа да се бојкотира референдумот и тоа беше успешно, но успешно беше тоа за нас, што успеавме да не излезат голем број на луѓе на тој референдумот. Но и покрај тоа што не е успешен референдумот оваа хунта си продолжува со својата агенда и ги бутка работите како што на нив им одговараат. Единствената пречка која што сега останува е претседателот Иванов, кој што не ги потпишува законите или одлуките кои што ги носи собранието.

Пандов истакнува дека бојкотот на претседателските избори е единствена можност да се спречи Заев да го заокружи целиот процес поради кој е доведен на власт и да даде легитимитет на промената на името на државата, односно сето она кое не е легитимно.

-Зошто бојкот на претседателските избори. Затоа
што на тој начин единствено можем да го спречиме Заев да го заокружи цел процес и со легитимно избран претседател да даде легитимитет на се она што претходно не е легитимно.

https://www.facebook.com/MilenkoNedelkovskiDnevnik/videos/384382835463071/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This