April 18, 2024, 11:59 pm

БОЈКОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ: Пандов повикува на бојкот на претседателските, ако нема и предвремени парламентарни избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера бев на протестите, и од она што можев да го слушнам насобраните граѓани скандираа три работи – ВМРО, Мицкоски и оставка од Владата, барајќи избори. Притоа граѓаните не мислеа на претседателските избори, туку на предвремени парламентарни избори – вели аналитичарот Александар Пандов во дебатата со Зоран Ивановски на МТВ

„На овие претседателски избори ако сака СДС да бидат успешни ВМРО има и господинот Мицкоски, секако можност, да го услови учеството на ВМРО-ДПМНЕ на тие избори само ако има и предвремени парламентарни избори.“ – вели Пандов.

Јас немам кажано еден единствен збор против Албанец, ниту една навреда, но перцепцијата за мене е дека јас сум албанофоб. Таа перцепција е створена и за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа едноставно не е точно, констатира Пандов, додавајќи дека медиумите под контрола на СДСМ шират таква пропаганда, а за тоа во минатото ВМРО-ДПМНЕ не воделе сметка.

„На овие претседателски избори ако сака СДС да бидат успешни ВМРО има и г-дин Мицкоски можност да ги услови учеството на ВМРО-ДПМНЕ на тие претседателски избори само ако има и предвремени парламентарни избори.“ – рече Пандов во дебатата на МТВ.

– СДС и ДУИ реално имаат и се на ниет да излезат со единствен кандидат. Во таква ситуација ако СДСМ и ДУИ излезат со единствен кандидат, тоа значи дека сите останати албански партии, јас не верувам дека ќе извадат свој кандидат. Тоа значи дека контролата, повторно во Сарај, во Арачиново, во било која албанска чиста општина ќе биде подеднакво исто како што беше на референдумот. Во ситуација кога имаме крајно небалансирани медиуми, кога отворено огромен број од медиумите стојат на страна на СДС, кога би се организирале тие избори (претседателски) без техничка влада – без 100 дена или 60 – во таква ситуација ВМРО има многу мали шанси на тие претседателски избори. И опозит на тоа, ако има и парламентарни избори, тоа е јасна порака до секој еден граѓанин, до секој еден гласач дека имаме можност на тие предвремени парламентарни заедно со претседателски да направиме тотална демонтажа на оваа сега хунта која е на власт. Дека може да се обиде после тоа ВМРО или било која друга, нова власт, да спаси што може да се спаси од сите овие штетни политики кои ги водеа досега, анализира Пандов.

„Ако тоа не го направи ВМРО-ДПМНЕ (да ги услови изборите со предвремени парламентарни), еве јас, кажувам дека колку што ме држи гласот ќе се борам да бидат тие претседателски избори избојкотирани, и цврсто верувам дека ќе успеам во тоа. Без разлика, повторно ќе кажам, јас ќе бидам најрадосен да Заев и Мицкоски најдат разбирање и заедно да имаме и парламентарни и претседателски избори. Но ако не се договорат, јас како поединец, како граѓанин на оваа држава ќе ги искористам сите социјални мрежи, настапи медиумски да им укажам на граѓаните дека ние само би му дале легитимитет и континуитет на овој режим, оваа тоталитарна власт, а од друга страна имаме идеална шанса, тоа сега во април да го демонтираме.“ – вели политичкиот аналитичар и екс-пратеник во Македонското собрание Александар Пандов.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This