April 18, 2024, 11:31 am

БПЦ Е ИСТОРИСКА МАЈКА НА МПЦ-ОА: Игуменот на Бигорскиот манастир за Бугарските медиуми изјавил дека Бугарската црква е мајка на МПЦ-ОА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Бугарската православна црква“ е единствена вистинска мајка црква на Македонската православа црква – Охридска архиепископија“, изјавил игуменот на Бигорскиот манастир, Архи.Партениј во ексклузивна изјава за бугарскиот религиозен сајт Двери.бг. „Таа е единствена Мајка Црква во канонска но и историска смисла“ – додал Партениј.

Според него, БПЦ сеуште изнесува мајчина грижа за верниот народ на Христа во Македонија. Затоа, таа мора да биде похрабра во нејзините активности и да ја признае афтокефалноста на Македонската црвка. Ова засекогаш ќе ги зајакне братските врски помеѓу Македонскиот и Бугарскиот народ, изјавил Архи. Партениј за бугарските медиуми.

Братството во Бигорскиот манастир повеќе пати низ годините одржувале добри односи со бројни Бугарски манастири и монаси. „Имаме добри односи со сите оние кои работат за доброто во име на Господ, во духот на евангелистичкото обединување и Христовата љубов“, рекол еден од монасите во истиорискиот манастир кој одржува добри врски со повеќето Бугарски манастири како Зограф, Рилски, Ројан, Клисурски, Царунарски и бројни други манастири како и Бугарски архиепископи, вклучително и Бугарскиот патријарх Неофит. Поради ова разбирање и евангелско единство на црквите во Христа низ светот, братството одржува активни врски со многу Грчки манастири, особено на Атос, како и со архиепископите на егуменскиот Патријархат и Архиепископот Атински, изјавиле од Бигорски за бугарскиот сајт Двери.бг.

Бугарските медиумите додаваат дека, со спонтаната манифестација на среќа во врска со потпишувањето на договорот за „добрососедство“ е добар знак дека Архи.Партениј е на вистинската линија со бугарската црква.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This