April 20, 2024, 11:14 am

Браво мајсторе: Кире Лазаров со нов рекорд во ракометната Лига на Шампиони

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Капитенот и селектор на македонската машка ракометна репрезентација, Кире Лазаров, продолжи да руши рекорди и да испишува нови страници во ракометната Лига на шампиони откако денес дојде до уште една импресивна бројка..

Лазаров на мечот помеѓу неговиот Нант и полски Кјелце дојде до бројката од 249 настапи во мапката ракометна Лига на шампиони.

Лазаров со тоа се изедначи со Арпад Штербик кој има 249 настапи, но Македонецот е уште активен и е играч со најмногу одиграни натпревари од сите.

Веќе на следниот дуел за Нант во ЛШ, Лазаров ќе стане легенда со најмногу настапи во елитата досега.

Третото место му припаѓа на Тиери Омејер (240), потоа следуваат Никола Карабатиќ (237), Јонас Калман (225), Тимур Дибиров (217), Виран Морос (215) и Виктор Томас (214).

Исто така Лазаров е рекордер по бројот на одиграни сезеони вкупно 20.. 40-годишниот десен бек има една повеќе од Никола Карабатиќ кој поради повреда нема да биде дел од финишот на сезоната.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This