БРАВО МОМЦИ МАКЕДОНЦИ: И Грузија на колена, четвртфиналето е веќе достижно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската јуниорска репрезентација е речиси сигурен патник во четвртфиналето на ЕП Б Дивизија, откако ја совлада Грузија со 87-79 (20-19, 20-18, 31-25, 16-17 ), откако во рамките на третото коло.

Избраниците на Тони Симиќ го осигураа врвот со три победи во исто толку меча, до крајот остануваат да ги совладаат Данска и Словачка.

Овој дуел го оправда епитетот на дерби во групата Б, на мегдан излегоа двете непоразени репрезентации. Нашите надежи за нијанса беа подобри во првото полувреме (40-37), но онаа поголема позитива ја направија во третата четвртина, секако предводени од незапирливиот Андреј Јакимовски.

Последните десет минути беше вистинска „нишалка“, Македонија имаше позитива од пет поени (73-68), а потоа и плус шест (76-70), но Грузија се врати, намали на 76-75. Исјаловски не ги искористи двете слободни фрлања, но среќа противникот не успеа да реализира од линијата за три поени.

Во последните три минути по половичната реализација на Даниловски влеговме со 77-75, но Грузија веднаш израмни за вистинска драма.

Јакимовски со тројка го врати водството на 80-70, а потоа со нова тројка во изведба на Исајлоски, Македонија почна сигурно да чекори кон третиот триумф.

Јакимовски со 33 поени и осум скока одново беше лидер, зад него беа Андреј Андоновски со 16 поени и 9 скока, еден поен помалку имаше Исајлоски.

Утре е ден за одмор во Орадеа, веќе во вторник Македонија игра против Словачка, селекција која треба да ја добиеме.

Извор: СПОРТМЕДИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This