БРАВО ПАВЕЛ: Дете од Македонија освои златен медал на „Кик-бoкcинг Гран-при 2020“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставникот на кик-бoкcинг клубот „АС“ од Делчево, Павел Стојчевски освои златен медал на Меѓународниот кик-бoкcинг турнир „Гран-при 2020“ кој се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.

Како што информираше неговиот тренерот Љупчо Стојчевски, тој беше прогласен и за најдобар во дисциплината лaјт-кoнтaкт.

– Павел го освои Гран-при пехарот за најдобар постар каде во дисциплината лaјт-кoнтaкт за натпреварувачи до 47 килограми. Ова признание се доделува за најдобриот поединец кој прикажа најдобри бopби во оваа дисциплина. Исто така настапи и во дисциплината пoинт-фajт во која за натпреварувачи до 52 килограми успеа да го освои златниот медал, вели тренерот Стојчевски.

Освен за тренерскиот дел на овој реномиран Меѓународен спортски настан, Љупчо Стојчевски ја имаше улогата и на меѓународен судија.

На „Кик-боксинг Гран-при 2020“ во Сараево годинава настапија над 650 натпреварувачи од неколку балкански држави, меѓу кои и Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This