БРАКОТ ЌЕ ЗАВРШИ: Карлеуша и Душко сепак се пред paзвoд?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бракот на пејачката Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ќе биде завршен, барем така тврди познатиот астролог Пеѓа Петровиќ. Нивниот брак имал проблеми, а најголемиот се случил на почетокот на годинава кога медиумите дознаа за наводната тајна романса на Јелена и фудбалерот Огњен Врањеш. Брачната стабилност дополнително ја нарушија фотографиите и пораките кои Јелена наводно ги разменувала со Врањеш.

И покрај се, Јелена и Душко решија да не се разведуваат, но таа одлука нема да има долг век, открива астрологот.

Нивниот брак западна во криза уште кон крајот на 2014 година и почеткот на 2015 година, а најмногу во 2017 година. Астролошки тие се веќе разведени и тешко дека некогаш ќе успеат да го средат односот. Бракот на хартија може да опстане уште две до три години – вели астрологот.

Душко ја сака слободата и таквиот брак му одговараше, бидејќи физички беа разделени. Не верувам дека тој бил верен во бракот. Доживеа големо разочарување во сопругата и генерално во бракот. Тешко дека можат да имаат доверба еден во друг.

Астролошката прогноза вели дека Душко наскоро ќе запознае женска личност која ќе му го привлече вниманието, а Јелена ја чека просперитет на полето на работата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This