БРАНКО ГО ИСПУШТИ „АУДИ“, ЗАЕВ „БМВ“ И „ФОЛКСВАГЕН“: Германскиот гигант ќе инвестира во Шумадија, ќе произведува 300.000 автомобили и ќе извезува во вредност од 4.5 милијарди евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ одлучи новата фабрика да ја гради во Србија, дознаваат „Новости“

Најголемиот производтел на возила во светот се одлучи за Србија во конкуренција на Бугарија, Романија, Турција и Македонија. Иако како фаворити за добивање на оваа инвестиција подолго време биле Бугарите, волсфбуршката компанија ја избрал Србија. Според сознанијата на весникот, првиот „Фоксваген“ би требало да излезе од производната линија во 2023. година.

Не беше тајна дека Германците планираат да отворат нов погон во овој дел на Европа. Тоа повеќе пати јавно го зборуваа, но дилема беше во која земја. Романија и Бугарија кои се членки на Европската Унија, се очекуваше да ја добијат инвестицијата. Позади нив според шансите беше Турција, која со 80 милиони жители е голем пазар. Сепак, перформансите на српската економија, доаѓањето на речиси сите најважни производители на автомобилски компненти, како и пријателските односи на држаното раководство на Србија со колегите од Германија, го обезбедиле овој инвестициски подарок.

Изворот на „Новости“ не сакал да ја прецизира локациајта на идната фабрика, но Александар Вучиќ во неколку наврати ја споменал Шумадија како адреса на инвестиција која во потполност би ја променила „крвната слика“ на српската економија. Новата фабрика на „Фоксваген“ би требало да има капацитет од 300.000 автомобили годишно, што би значело околу 4.5 милијарди евра извоз за Србија.

Зоран Заев денес лажеше дека инвестицијата ќе била во Македонија, откако тој наводно зборувал со Ангела Меркел. Од „Фолксваген“ набрзо ја демантираа неговата лага и ја соопштија одлуката да инвестираат во Србија.

Македонија, по фабриката за батерии на „БМВ“ изгуби уште еден производител на автомобили, овој пат „Фолскваген“. Претодно, СДСМ во времето на Бранко Црвенковски ја испушти инвестицијата на „Ауди“ во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This