БРАНКО МАНОЈЛОВСКИ ОД ДУИ: Вмровците се прекрасни луѓе, да ги амнестираме, поевтино е!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од ДУИ, Бранко Манојловски, од собраниската говорница на денешната пленарна седница порача да се амнестираат сите обвинети функционери и партиски активисти и државата да ги заштити пратениците за да можат слободно да гласаат. Целта е, како што рече тој, ЕУ, НАТО, високи плати, добра економија и навремени пензии, се друго, рече, е споредно.

-Вмровците се прекрасни луѓе, но зависат од партијата, Јас би сакал да предложам нешто практично. На секој вмровец кој ќе гласа за предлогот, државата да стои позади него, да гарантира за неговата иднина, али прво ќе треба да гласа, и ќе се знае кој ќе гласа. Да се амнестираат сите грешници, амнестија за сите, поевтино е, се друго е скапо, затворските соби се скапи. Дајте да ги амнестираме, доста патеја, премногу пропатија, пројдоа маки. Да бидеме практични. Поевтино е да им помогаме на вмровците, да стоиме зад нив ако имаат нешто кртично во партијата, да можат слободно да гласаат – рече Манојловски.

Дајте им право, додаде тој, на вмровците да гласаат и стојте зад нив.

-Драги пријатели, да застанеме и да размислиме како луѓе. Како планиниски човек ви кажувам. Доста филозофии, тоа пројде, сега се е во парите. Бидете практични драги деца, имам право да го речам тоа бидејќи сум најстариот од вас. Гарантирајте им иднината на вмровците – посочи тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This