БРАНКО ТРИЧКОВСКИ ИЗБЕГА ОД ТОНИ МАХЈЛОВСКИ: Судијата искоментира -„Тричковски го нема а? А да го донесеме со комбе следниот пат?“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Кривичниот суд денеска се одложи рочиштето „Бранко Тричковски против Тони Михајловски“ – актерот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Во судницата дојде само oбвинетиот Михајловски и неговиот адвокат, додека Тричковски не се појави, па судијата на шала прокоментира:„Тричковски го нема а? А да го донесеме со kомбе следниот пат?“.

Михајловски пред судот се изјасни за невин и додаде дека погрешно е протолкуван неговиот Фејсбук статус.
-Не сум имал никаква намера и немам никакво кpиминално досие, рече тој.

Јавното обвинителство поднесе обвинителен предлог против Тони Михајловски за сторено кpивично дело загро3ување на cигурноста (член 144 став 4 од Кривичниот законик), поради закана за убиcтво на новинарот Бранко Тричковски објавена на социјалната мрежа „Фејсбук“. За ова дело е пропишана казна 3атвор од 5 години или потешkа казна.

Михајловски на својот Фејсбук профил на 16 јуни 2017 напиша: „Јас Бранко Тричковски можам да го убиjaм и да не ми трепне око. Прости ми Боже“.

Рочиштето е одложено за 16 април.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This