Братот на Ермира Мехмети стана советник на Љупчо Николовски во СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со задоволство ја прифатив поканата од генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, да се вклучам како советник во неговиот тим кој ќе има задача да го подобри функционирањето и да придонесе за отварање и демократизација на партијата и на општеството во целост, објави Замир Мехмети актуелен член на одборот на директори на Телеком назначен од владата.

“При моето одлучување, тргнав од премисата дека секоја единка треба да ја прифати одговорноста и своите капацитети максимално да ги вложи за да придонесе во идеите во кои верува. Јас бескомпромисно верувам во концептот “едно општество за сите” и со прифаќањето на оваа понуда ја превземам обврската лично и директно да учествувам во зајакнување, растење и развивање на оваа, за мене, pеволуционерна идеја.

Во меѓувреме, како и до сега, останувам посветен на принципите за правда, еднаквост и слобода како главни постулати на секое праведно општество. Боpбата продолжува”, пишува Мехмети кој е брат на експратеничката на ДУИ Ермира Мехмети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This