БРАТОТ НА ЕСКО РАХИЌ ИМАЛ И АРСЕНАЛ ОРУЖЈЕ: Во домот на Сеад Рахиќ пронајдена голема колична дрога и вооружување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Паковка со дрога и куршуми биле пронајдени кај осомничените кои вчера во голема полициска акција беа приведени во Скопје, а ги предводел Сеад Рахиќ., брат на функционерот на СДСМ Есад Рахиќ и добар пријател на Зоран Заев. Според информациите, била пронајдена 1 паковка со прашкаста материја и 50 куршуми со калибар 9 милиметри

oruzje-arsenal-520x293
Фото: Илустрација

Порталот Пресс24 дознава од полициски извори дека паковки со прашкаста материја за која се претпоставува дека е кокаин биле пронајдени и кај другите приведени во полициската акција. Според информациите, тие покрај дрогата имале и реденици со куршуми, 25 парчиња со калибар 5,56 милиметри.

Во претресот пронајдена е и една кеса во која најверојатно имало марихуана како и еден зад со траги од прашкаста материја за која истрагата верува дека е кокаин.

Полицијата вчера во голема акција приведе повеќе луѓе кои ги сомничи дека како криминална група продавале кокаин по скопските улици. Полицијата се сомнева дека организатор на групата е Сеад Рахиќ.
Криминалната група, организирана од Рахиќ, од ноември, лани, до денеска континуирано вршела продажба на кокаин низ цело Скопје, но и надвор од градот, и тоа по цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка, или меѓу зависниците популарно наречена „пакетче”.

Апсењето се случучо пред кафе барот АБЦ на улица Илинденска, на очиглед на присутните гости.

Како што не информираше очевидецот кој ја направил снимката, гостите биле видно вознемирени бидејќи не знаеле што се случува.

Рахиќ, познат и како Сецко, бил фатен за време на примопредавање на кокаинот.

Заедно со него биле и Марјан М. и Мики З. од населбата Ѓорче Петров, додека четвртиот Дејан М. е уапсен во неговиот дом.

zaev rahic infomaks

Сеад Рахиќ инаку е и близок соработник на Зоран Заев во нелегалните активности координирани со СЈО, каде што впрочем работи и неговата внука, ќерка на Есад, Берниса Рахиќ.

На 15-ти Октомври минатата година, информиравме за средбата помеѓу Заев и Сеад во едно познато скопско кафуле, каде што според извори на iNFOMAX.mk, дел од пазарот помеѓу Заев и Сеад било и враќањето на семејството Рахиќ и ставање на нивните ресурси на располагање на Зоран Заев. Неофицијално, дел од задачите кои ги добило семејството Рахиќ е да вршат контрола, а по потреба да ги заплашуваат членовите на СЈО кои немале намера да ги извршуваат политичките нарачки на СДСМ што немале никаква правна поткрепа, односно да ги дисциплинираат оние кои одбивале без докази да прават политички театар.

Освен двајцата браќа кои се во блиска комуникација со Зоран Заев, ќерката на Есад Рахиќ, Берниса е исто така длабоко инволвирана во политичките игранки на Заев. Имено, Берниса Рахиќ, која претходно работеше во телевизија Телма, пред крајот на минатата година беше вработена во Специјалното јавно обвинителство, без притоа за работното место да биде распишан конкурс.

Сега, останува на внуката на Сеад и ќерка на Есад да му помогне со криминалните обвиненија и да го вади од затвор, агитирајќи кај Катица Јанева.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This