April 26, 2024, 11:03 am

Братот пратеник не може да гласа за братот министер, а министрите пратеници можат да гласаат сами за себе?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија одамна важи за земја на парадокси и апсурди. Но, најновиот развој на настаните на површина изнесува нови и нови, што целиот систем го претвораат во обично швајцарско сирење од чии дупки секојдневно протекуваат просто несфатливи појави за здравиот разум.

Ова особено дојде до израз по денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Несудениот пратеник од редовите на ДУИ, Флорин Бесими, инаку брат на идниот министер за финансии Фатмир Бесими, по разговорот со партискиот лидер Али Ахмети, одлучи да се повлече од пратеничката листа. Главната причина беше забелешката на антикорупционерите дека ќе има судир на интереси брат пртанеик да гласа за брат министер.

Иако Флорин Бесими имаше и друга можност, самиот да се иземе од гласањето, сепак од чисто политички причини, што ќе рече сигурност од потребните мнозински гласови при гласањето за новиот состав на владиниот кабинет, тој стори што сметаше дека треба да стори.

Но, сега се отвори нова дилема. Ако има судир на интереси кога брат пратеник ќе треба да гласа за свој брат иден министер, тогаш како може да нема судир на интереси кога актуелни пратеници, што значи штотуку избрани, ќе треба да гласаат сами за себе како идни министри во новата влада? А, нивниот број не е мал. Почнувајќи од мандатарот Зоран Заев, па до последното решение за министерката за труд и социјала Шахпаска.

И на ова денеска укажа претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска.

Од друга страна, ова бара и целосно менување на вордингот на СДСМ при гебелсовата пропагандистичка кампања за прикажување на новиот владин кабинет во ново светло, во која чесноста и одговорноста заземаат централно место.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This