БРАТУЧЕДОТ НА ЗАЕВ, ТРАЈЧЕ ГО ПРОШЕТА „МАЈБАХОТ“ ВО СКОПЈЕ: Трајче Заев пазареше во „Хуго Босс“, а „Мајбахот“ од 300.000 евра го паркираше на пешачки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кланот Заеви, на чело со Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев веројатно се едни од најбогатите фамилии во државата. Се разбира дел од кланот е и потесното семејство Заеви од кое е дел и братучедот на премиерот, Трајче Заев. Имено тој лично е вмешан во низа на скандали и сомнителни криминални зделки поврзани со актуелната власт на СДСМ

 

Во казиното Фламинго во Гевгелија, минатата година во октомври,  до доцните вечерни часови заедно со високи државни и партиски функционери на СДСМ прославуваа за ,,подновувањето’’ со нов луксузен автомобил марка Мерцедес (Мајбах), вреден неверојатни 300 илјади евра. Доколку на нашите читатели не им е јасно од каде олку пари кај еден просечен бизнисмен, набрзина ќе им се разјасни.

 

Пред речиси една година Трајче Заев од акционерскиот капитал се стекнал со 4.861 акција и сега поседува 15.126 акции или 22,25 отсто од главнинта на друштвото. Проверките од податоците кога компанијата објави преку Македонска берза за споменатата трансакција, вредноста на една акција изнесувала 300 денари, од што произлегува дека 1.458.300 денари, односно малку повеќе од 20.000 евра. А тоа очигледно е несразмерно со вредноста во недвижнини кои ја поседува друштвото.

Имено компанијата која Трајче Заев ја купи по цена на една гарсоњера, годинава се најде на листата з а најуспешните 130 компании во Македонија. Сега е појасно од каде парите за лускузен автомобил вреден повеќе од 300 илјади евра.

Денес, Трајче Заев реши да го прошета „Мајбахот“ во центарот на Скопје каде и непрописно се паркираше во близина на „Рекорд“ додек пазареше во „Хуго Босс“.

 

Фото
Оффнет.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This